Њујорк Ред Булс ја доби Клуб Америка со 1:0, во пријателска средба, која заврши со масовна тепачка. Тензиите ескалираа во 85. минута по еден остар прекршок. Навивачите на стадионот Спортс Илустрејтед во Њу Џерси гледаа сеир, а дел од нив ги гаѓаа фудбалерите со пијалаци и разни предмети. Мечот беше во прекин 7 минути, а судијата на двете екипи им додели по три црвени картони.