Лејкерс беше далеку појак од Феникс Санс и заслужено славеше во салата „Мортгејџ Мечап Центар“ во Феникс.
Но кога тренерот Феникс Џордан От оправдано реши да ги седне на клупата сите првотимци и да ги стави во игра резервистите, Феникс стопи 31 поен предност и се врати на само -5 на минута пред крајот!
Лука Дончиќ се погрижи победата да оди за Лос Анџелес. Постигна 43 поени од кои дури 8 тројки! Имаше Лука 13/28 од игра, три скока и девет асистенции.
Лука Дончиќ воедно стана прв кошаркар на Лејкерс во историјата со дури 16 натпревари по ред на кои дава 30+ поени и го надмина рекордот на Џејмс Харден за вкупно постигнати поени во првите 12 натпревари од сезоната.
Лука Дончиќ има 468 поени на првите 12 натпревари од сезоната што е рекорд каков што немало во последните 50 години од НБА лигата и го надмина досегашниот рекорд на Џејмс Харден. Џејмс Харден постигна 464 поени по ред во првите 12 натпревари за Хјустон Рокетс во сезоната 2019/2020. Лука Дончиќ сега постави нов рекорд после првите 12 натпревари од сезоната во НБА уште од далечната 1962/1963 и легендарниот Вилт Чембрлејн.
Дури шестмина кошаркари на Лејкерс беа двоцифрени. Гримс уфрли 22 поени со шест скока и една асистенција, Колин Секстон имаше 16 поени, Кеслер запиша 14 поени со 12 скока, ЛаРавиа 12 поени колку што имаше и Тибул со 8 скока.
Кај домаќинот, резервистот од клупа Колин Гилеспи постигна 26 поени што е негов личен рекорд во НБА, додаде по 4 скока и асистенции. Кенард стигна до 18 поени со 6 скока и 4 асистенции, Девон Букер имаше 17 поени со 4 скока и 7 асистенции, Микал Бариџис 14 поени, Гудвин 14 поени со 7 скока и 6 асистенции а Пит 10 поени