-Ако не пишуваш смешки, досаден си. Ако пишуваш смешки, многу си неозбилен и не ги сфаќаш важните теми.
-Ако си позитивен, тогаш си Семе синапово. Ако не си позитивен, тогаш си хејтер.
-Ако пишуваш за љубов и секс, лигав си. Ако не пишуваш за љубов и секс, мора да имаш комплекси.
-Ако се допишуваш со френдовите и фолоуерите, го тупиш со чатови. Ако не се допишуваш со нив, тогаш си арогантен.
-Ако коментираш политика, многу го тупиш за политика. Ако не пишуваш за политика, ти си пасивна овца.
-Ако упорно критикуваш, тогаш си трол. Ако не критикуваш упорно, тогаш си овца со памтење од три дена.
-Ако не подржуваш онлајн активизам, тогаш си себичен и пасивна овца. Ако подржуваш тогаш си фејкер кој не знае да излезе на улица.
-Ако излезеш на улица тогаш ќе те заокружат по портали дека си партиска овца. Ако не излезеш на улица тогаш си дебела свиња која нема свест за граѓанските интереси.
-Ако ставаш приватни слики, многу се цепаш. Ако не ставаш приватни слики, немаш приватен живот.
На онлајн народот никогаш не можеш да му угодиш.