Милијардерот Питер Тил ја здува во Аргентина

Американскиот мултимилијардер Питер Тил го премести своето семејство во Аргентина каде купил луксузен апартман и земјиште. Одлуката ја донел првенствено за да го избегне предложениот данок за ултра-богати во Калифорнија, по кој таквите калибри како него, треба еднократно да ѝ подарат на државата пет проценти од своете богатство. А и во случај на нуклеарна разврска Аргентина не е лошо решение.

Ко-основачот и еден од најмоќните лица во Силициумската долина се решил на ваков чекор откако ја видел анкетата дека преку половина од гласачите го поддржуваат данокот за оданочување на ултра-богатите, односно оние кои имаат над една милијарда долари.

Такви во Калифорнија има околу 200 и заедно имаат преку два трилиона долари.

Претходно, Тил отвори канцеларија на својата инвестициска фирма во Мајами.

Медиуми тврдат дека не помала загриженост кај Тил има и од можноста за нуклеарна војна на северната хемисфера, сценарио по кое оддалечените делови на Јужна Америка се релативно безбедна опција.

„Во моментот кога Кина ќе го земе Тајван или Русија ќе ја земе Литванија, ете ме мене во Буенос Аирес“, го цитираат од порано. „Добро е да се има план Б за цивилизацијата“, рекол Тил.

Веќе се сретнал со аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, ги запишал децата во училишта во Буенос Аирес и купил многу земја, и во Аргентина и во Уругвај.

Со оглед на тоа што и идеолошки и лично се блиски со Милеи, се очекува Тил да добие аргентинско државјанство. Тој е роден во Германија, пораснат во САД а има државјанства и од Нов Зеланд и Малта.

Последниве години, за време на јавните настапи Тил сè повеќе потегнува религиозни и апокалиптични прашања. Велат дека во приватни разговори, најчеста тема му е „доаѓањето на Антихристот.“

 

30 мај 2026 - 16:54