Потопен историскиот брод „SS United States“, ќе биде најголем вештачки гребен
12 ноември 2026
- Прекуокеанскиот брод „SS United States“, своевремено најбрзиот патнички брод што го препловил Атлантикот, контролирано е спуштен на дното на Мексиканскиот Залив.
- Бродот поголем од „Титаник“, кој 800 пати го преминал океанот, ќе биде најголемиот вештачки гребен во светот. Целта е да се создаде живеалиште за туни, марлини и сабјарки и да се привлечат повеќе нуркачи и љубители на риболов.
- Потопувањето траело 5 часа, значително подолго од очекуваните 45 минути. Со вода биле наполнети сите 128 резервоари за гориво и мазива, за да се спушти рамномерно на морското дно, на длабочина од 55 метри.
- Проектот да се спречи бродот да заврши како старо железо чинеше 13,5 милиони долари.
- „SS United States“ долг 302 метри беше технолошко чудо на бродоградителите од Вирџинија. На првата пловидба во 1952 година, го поминал Атлантикот со просечна брзина од 41 милја на час (66 км/ч), со што за 4,5 милји на час го надминал рекордот поставен од британскиот „RMS Queen Mary“ во 1938 година.
- Двата црвено-бело-сини оџаци на „SS United States“ високи 20 метри лани беа внимателно отстранети и ќе бидат изложени во нов музеј на копно.