Таг: фенербахче

Чакир свирна крај на сред контра за гол во Турција

Џунејт Чакир, најдобриот турски судија имаше чудна одлука на мечот Фенербахче - Гиресунспор во турската Суперлига. Дал 4 минути продолжение додека Фенер водел 2-1 и во последните секунди кога гостите тргнаа во сериозна контра за израмнување, ладно свирна крај на мечот.

Вратете го амблемот на Фенербахче, сакам да го бакнам

Топ тема на вечерта во квалификациите за ЛЕ беше Мухамед Гамускаја од Фенербахче. 20 годишниот играч од среден ред со еврогол го реши ХЈК Хелсинки за конечни 1:0, ама потоа се збуни при прославата на голот. 

Јака сцена од турскиот фудбал со навивач и тренерот на Фенербахче

Португалскиот стратег Витор Фереира кој има богата тренерска кариера, летово пак се врати во Фенербахче. На една пријателска пред старт на сезоната еден навивач од трибините без прекин му урла: „Ферера, фор, фор, ту“ (да игра формација 4-4-2). Витор му се врти и му вика да прекине.

Па нели не требаше да легнам?

На голманот на Фенербахче, Алтај Бајндир изгледа не му се допаѓа модерното поставување на жив ѕид. Му рече на својот соиграч дека нема потреба да лежи и потоа се заеба, па се обиде да го излаже голманот дека топката не ја минала гол линијата.

Необична акција на Фенер: Праќајте смс пораки да го исплатиме Озил

Турските гиганти можат да се пофалат со огромна навивачка армија, па управите на најголемите тамошни клубови бараат од своите симпатизери да помогнат во решавање на драматичната финансиска ситуација со големи долгови.

ВАР на турски начин

Фенербахче славеше против Аланијаспор со 2:1 во турското првенство, а во еден момент на домаќините им поништија гол поради офсајд. ВАР снимката од ситуацијата вака отиде во етер:

Фенербахче им оддаде почит на најверните кои 70 години не пропуштиле домашен меч

Минатиот викенд турскиот гигант остана без својот најверен навивач. Почина 90-годишната Ихсан Ѓунѓоренлер. Таа со својот сопруг ги гледала сите домашни натпревари уште од средината на минатиот век.

Марко го урна Фенербахче со врвни ножички

Коњаспор со 0:2 го совлада лидерот во Турција Фенербахче. Мрежата им ја начна Марко Јевтовиќ со фантастични „маказици“ кои уште долго ќе се вртат по хајлајтсите на сезоната во турската Суперлига.

Вечниот Емре Белозоглу на 40 години конечно ја заврши сјајната кариера

Денес легендарниот турски фудбалер кој освојуваше еврокупови уште во минатиот век, полни 40 години. Пред месец дена стави крај на својата долга и богата кариера.

Штета што вакви голчишта паѓаат пред празни трибини

Фудбалот не е ист, односно далеку е од ист после вирусот, бидејќи место навивачки амбиент, се слуша ехо од криците на играчите и тренерите како во македонска трета лига исток. На вакви мајсторски голови греота е да не се кренат едно 30.000 навивачи.

Не смеам да се радувам, ќе ме здробат од ќотек

Обично снимките кои излегуваат со турски хард кор навивачи се како боксуваат телевизори, кршат столици и удираат во врати и ѕидови. Ова е откачено на друг начин. Фенербахче загуби дома од најголемиот ривал Галатасарај после 20 години и гостинов со сиот памет се измешал меѓу домашните навивачи.

Реакција на турски навивачи кога ќе загубиш дома дерби по 20 години

Тоа го доживеаа и го преживеаа навивачи на Фенербахче кои две децении не ја осетиле горчината на поразот од ривалот Галатасарај на домашен терен. За сега нема инфо колку телевизори отидоа јабана, ама најдовме еден читав.

Претседателот на Фенербахче во клинч со навивачите

Во турскиот фудбал, особено на дерби, не се знае кој пие, кој плаќа. Па вие најдобро да се договарате нерешено да ги играте овие натпревари за да останете читави.

Топла и спонтана реакција во чест на погодените од страшниот земјотрес во Турција

Во судиското продолжение од големото дерби на турската лига Фенербахче - Истанбул Башакшехир (2:0), домашните навивачи спонтатно фрлаа на теренот шалови и капи, за, како што велат, да ги стоплат настраданите од земјотресот.

Тешко, потешко, Фенербахче

Секогаш кога е тешко да си навивач на Фенербахче уште потешко е да си телевизор на навивач на Фенербахче.

Ново издание на Обрадовиќ, овојпат мирно

Кога колата ќе тргне удолу нема назад. Најтрофејниот европски тренер на сите времиња во 2016/2017 му ја донесе на Фенербахче титулата во Евролига. Сезонава Жељко потпиша сјајни поединци, ја засили екипата, но нешто не оди како треба. Синоќа изгубија 89-63 од Барселона, а Србинот веќе ни сам не знае што да им каже за да почнат да го слушаат. Имаат учинок 2-7 на 9 меча.

Жељко во најјако издание од кога и да е

Најтрофејниот европски тренер и еден од најголемите кошаркарски стратези на сите времиња, Жељко Обрадовиќ на мечот ЦСКА - Фенербахче буквално полуде. Жоц и другпат имал брутални агресии, ама овојпат во Москва беше пуштен на најјако.

Колку се платени најскапите кошаркари во Европа

Разликата во плати меѓу НБА и Евролига и натаму е голема, но приближувањето е осетно. Барем кога станува збор за оние кои земаат „грдни пари“ на стариот континент. Сезонава, како и лани, најмногу трошеа гигантите.

Пушам од 5-то одделение по утакмици кога одам

Ај што неговиот Бурсаспор го победи елитниот Фенербахче со 2-1, туку што он стана главна ѕвезда во цела Турција. Само не знаеме дома дали било сè во ред кога се вратил.

Ова не се случило никогаш во Фенербахче

Набил Дирар е Мароканец. Имаше сериозна кариера во Монако и Клуб Бриж, а од 2017 е во турскиот гигант каде е капитен. Ама синоќа ја оплеска работата. Додека Фенербахче губеше 6:1 од Баерн Минхен, навивачите на Фенер присутни на стадионот го исвиркуваа па овој реши да напушти игра.

Елмас е еден од најбогатите трансфери во турскиот фудбал

Центарфорот на турската фудбалска репрезентација Ченк Тосун, е фудбалер кој направил најголем трансфер од турски во друг клуб, а веднаш зад него е нашиот Елмас кој е пред имиња како Арда Туран, Муса Со, Демба Ба, Ченгиз.

Суртук

Стоперот Нојштадер му ја враќа, а голманот Харун Текин го прави најголемиот кикс во турската лига колово и прима гол за 1-0. Среќа Елиф Елмас набрзо израмни на 1-1, а до крајот Фенербахче и славеше со 1-3.

Специјален подарок од Луис Суарез за Елмас

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас игра стандардно за турскиот гигант Фенербахче и е меѓу подобрите во тимот. Во текот на неделата Елмас на Твитер го објави подарокот кој го добил од Луис Суарез, дрес со автограм и посвета, најверојатно благодарение на Мартин Шкртел кој со Уругваецот играше во Ливерпул.

Елмас блесна со гол на турското Ел Класико

Во период кога веќе тешко е да се следат сите медиумски написи за тој колку пари нуди за македонскиот бисер и каде ќе ја продолжи кариерата, тој постигна гол во големото турско дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај кое заврши 1:1. Одлично се снајде во шеснаесетник 19 годишниот репрезентативец на Македонија.