Мутмаз и Ихсан биле поранешни професори по математика. Се запознале на работно место, а после свадбата Мумтаз и ја пренел љубовта на својата жена кон саканиот клуб.
Понекогаш за да гледаат домашен меч на Фенербахче морале дури и да ги лажат внуците и децата дека ништо не ги боли, зошто во спротивно не би ги пуштиле да одат.
Камерите на стадионот на Фенербахче речиси секое коло ги даваа во кадар милите пензионери
„За Фенербахче навивам од 18 години. Само не кажувајте никому“, рекол Мумтаз во интервју во 2010 година за турските медиуми.
Во декември 2013-та година, на 88 години починал Мумтаз. По неговата смрт, сопругата не го напуштала Фенербахче. Доаѓала редовно на трибина, на местата предвидени за нив и го поддржувала омилениот клуб.
Славниот гигант од Истанбул секогаш ги почитувал своите најверни и највозрасни навивачи. На Исхан и дарувал цвеќиња, дресови и разни артикли од клупскиот фан шоп. Еднаш ја симнале на терен со чест да се запознае со омилениот играч Волкан Демирел. „Сега вие сте во наши раце, ние ќе се грижиме за вас“, рекол голманот а цел стадион со аплауз ја испочитувал Ихсан.
Во последните пар години здравјето не и дозволувало на Ихсан редовно да оди на стадион но Фенербахче никогаш не заборавил на неа. Минатата година ја посетиле за да и подарат нов комплет дресови.
Yeni formamız emin ellerde... 💛💙 pic.twitter.com/35JRL2mder
— Fenerbahçe SK (@Fenerbahce) July 18, 2019
Овој декември Ихсан починала. Клубот трогателно се збогувал со неа.
„Со голема тага соопштуваме дека почина нашата омилена тетка Ихсан, име кое го знае секој на трибините. Ни на лето ни на зима таа не го оставаше Фенербахче сам.
Изразуваме длабоко сочувство до нејзината ќерка Селмин Озадам, нејзиното семејство, блиските и сите навивачи.
Семејството Фенербахче никогаш нема да ги заборави овие двајца прекрасни луѓе кои го чуваа клубот во своето срце, нашата тетка Ихсан и нејзиниот покоен сопруг, чичко Мумтаз“, стои во соопштението на клубот.
Во нивна чест Фенербахче на еден од претходните натпревари направи сценографија: