Бронзен медал за стиропорна Македонија

Мапа на европското иселеништво покажува дека Македонија е на врвот на земји во кои оние што се родиле таму, решиле да дигнат сидро. Босна, па Албанија па Македонија. А ние овде пак не наоѓаме слободно паркинг место.

На основа на податоците од ОН, чешки лингвист изработи мапа на европското иселеништво која открива колкав процент од луѓето родени во една земја денеска живеат надвор од неа.

Убедливо најголем одлив има Босна со 43,4%, втори се овие покровителите на албанската платформа со 38,8% а ние сме трети со 24,8% иселени лица тицнувајќи ја за малку Португалија (22,3%).

Сериозни цифри на иселеници имаат и Хрватска, Португалија и Молдавија а најмалку се отселуваат од Шведска, Шпанија, Франција и Норвешка.

Oва не се податоци за националност или државјанство туку исклучиво се однесуваат на местото на раѓање. Што значи дека Полјак роден во Германија се смета за емигрант ако се пресели во својата матична земја.

Емиграцијата сама по себе не мора да биде лоша вест за една земја, ако е проследена со имиграција од друга земја, што главно не е случај со несреќни земји. 

Авторот Јакуб Мариниан напоменува и дека проблем со земјите обележани со сина или црвена боја е што подолго време ја губат популацијата.

Еден од оние мали ќеифи за човек кој сè уште живее од Македонија е кога ќе му пишат некои негови од јабана а нему му доаѓа убаво што не отишол со нив:

 

2 февруари 2017 - 17:09