Таг: мапа

Што се тоа „контактни“ јазици и зошто се загрозени?

Кога во тек на подолг период во меѓусебен контакт доаѓаат луѓе кои зборуваат различни јазици, тие понекогаш создаваат нов, комбинација на постоечките. Лингвистите ги нарекуваат „контактни“, и овие јазици се многу побројни отколку што мислиме. Но истовремено се под голем ризик.

Како се ширел зборот „шеќер“?

Најверојатно потекнува од санскритското „саркара“. И тоа е еден од оние зборови кои звучат слично (слатко) во голем број светски јазици.

Зошто во светот постојат само два збора за „чај“?

Едниот е сличен на англискиот tea, а другиот е варијација на cha, како нашето „чај“. И двете верзии потекнуваат од Кина. Но начинот на кои тие се ширеле низ светот дава јасна слика за глобализацијата пред „глобализација“ да стане масовно употребуван термин.

Бронзен медал за стиропорна Македонија

Мапа на европското иселеништво покажува дека Македонија е на врвот на земји во кои оние што се родиле таму, решиле да дигнат сидро. Босна, па Албанија па Македонија. А ние овде пак не наоѓаме слободно паркинг место.

Нова, точна мапа на светот

Мапата изработена од Аутаграф ја доби наградата Гуд дизајн 2016, а нејзиниот главен подвиг е што успева точно да ја претстави површината на континентите на светот, нешто што сите други мапи со векови го лажираат.

Како да извадиш пари од книжевен туризам

На боемската улица во Дебар маало единствено што можеме да ѝ замериме е дека е премала. А на целиот град дека не ги одбележува достојно местата каде живееле и работеле нашите писатели. 

Американците ќе летаат 14.326км над Бразил

Домаќинот на Мундијалот е петта најголема држава во светот, а големата оддалеченост на стадионите се причина за долгите летови кои ги очекуваат сите 32 земји учеснички. Германскиот весник „Bild“ им пресмета на сите репрезентативци колкав пат ги чека само во првата групна фаза. Најмногу ќе дремат во авион момците на Клинсман, а најмалку Белгијците.

Европа на предрасуди

Ова што е обединетавa и ние останатите, по кои се' основи е поделена (Луѓе што работат 21 ден годишно vs. Луѓе што живеат 21 ден годишно). За нас е лесно, ние секогаш завршуваме во ист кош со комшиите.

Каква врска имаат Гринспан и Уелбек?

Како една позната изрека, и тоа со слично значење само во различен контекст, може да зближи и толку идеолошки спротивставени ликови како некогашен директор на Федералните резерви на САД и француски романописец - нихилист.