Да се заблажиме

Како се ширел зборот „шеќер“?

Најверојатно потекнува од санскритското „саркара“. И тоа е еден од оние зборови кои звучат слично (слатко) во голем број светски јазици.

 

Кристална супстанца за засладување, метафоричен израз на љубов, или еуфемизам за наркотици,„шеќер“ е збор кој секојдневно го користиме дури и кога нештата ги сакаме „без шеќер“. Од санскритското „саркара“ што означувало нешто толчено, во форма на прашина или чакал, преку арапското сукар, латинското zuccarum, средовековниот француски çucre или англиското sugar, очигледно е дека станува збор за еден ист корен.

Визуелизацијата на зборот направена од еден корисник на Редит ја покажува не само блискоста на соодветните термини, од далечната Полинезија до Шкотска преку Балканот, туку и распространетоста на шеќерот како производ, кој во некои култури се уште се смета за статусен симбол (кога домаќините, на пример во Турција или на Блискиот исток, нудат шербет засладен чај во знак на гостопримство).

Мапата (клик на неа за поголема резолуција) не е целосна, а некои корисници забележале и грешки, (на пример во ерменското sheker кое треба да е shakar). Стрелките не означуваат географски рути на ширење, туку можни врски помеѓу тоа како се изговара зборот во различни јазици. Сепак, и покрај тоа што треба да се земе „со зрно сол“ (со доза скепса), мапата е...слатка.

15 август 2019 - 16:05