Освојувачот на Лига Европа од 2021-ва ја продолжува својата меѓународна експанзија и влегува во Македонија со проектот Villarreal Masters Academy.
Ова е прва ваква иницијатива во Македонија, со седиште во Скопје, која нуди уникатна можност за млади играчи и тренери во земјата да се поврзат со славниот шпански прволигаш.
Се работи за проект со неколку програми меѓу кои школа отворена за сите деца од 5 до 8 години, како и академија со пробни тренинзи за возраст од 9 до 13 години. Важи и за момчиња и девојчиња, а се тренира три пати неделно.
Villarreal Masters Academy најавува иновативна методологија за развој на млади играчи и тренери, создавајќи патека за нивниот напредок преку специјализирани искуства и можности во Шпанија.
Програмски директор е Дарко Глишиќ, играч со меѓународно и домашно искуство, кој меѓу другите клубови има играно за Вардар и Динамо Тбилиси.

„Ова партнерство со Виљареал. е од големо значење. Виљареал. е глобално препознатлив по својот успех во развојот на таленти преку докажана методологија која ги комбинира техничкиот, тактичкиот, физичкиот и менталниот развој. Со оваа соработка, Villarreal Masters Academy обезбедува професионална структура, сертифицирани тренери и директна врска со меѓународни фудбалски можности. Ова партнерство ја отсликува нашата заедничка визија – да го подигнеме нивото на младинскиот фудбал во земјата и да создадеме патеки преку кои младите играчи ќе можат да го достигнат својот целосен потенцијал,“ вели Глишиќ.
„Горди сме што ја најавуваме Villarreal Masters Academy во Македонија. Во соработка со нашите локални партнери, овој проект ќе им овозможи на младите играчи и тренери да растат во рамките на препознатливата методологија и вредности на Виљареал. Ова претставува уште еден чекор напред во нашата мисија за унапредување на развојот на играчи и зајакнување на глобалната мрежа на клубот преку извонредност и заедничка страст кон фудбалот“, вели Брендон Парамо, менаџер за меѓународен бизнис во Виљареал

Виљареал е глобален клуб, не само поради играчи како Јереми Пино, Жерар Морено и Николас Пепе кои се препознатливи насекаде, туку и поради тоа што имиџот и методологијата на клубот се присутни на сите пет континенти.
Преку својот меѓународен проект Villarreal Academy, „Жолтата подморница“ има изградено широка мрежа на академии, кампови и партнерства во 22 земји.
Во моментов, клубот има активни проекти во САД, Канада, Мексико, Бразил, Боливија, Уругвај, Колумбија, Австралија, Јужна Кореја, Малезија, Филипини, Тајланд, Кувајт, Индија, Израел, ОАЕ, Романија, Летонија, Унгарија, Финска и Јужна Африка.
Повеќе инфо на villarrealmasters.mk