Најголемиот дел од овие жени го превземаат машкиот идентитет уште на млади години, како начин да ги избегнат правилата и забраните кои важат за жените во овие краишта.
"Ова значело дека тие немаат слобода да возат, да водат бизнис, да заработуваат, пијат, пушат, пцујат, да имаат пиштол или да носат оружје. Сите овие работи биле ексклузивно право на мажите. Како алтернатива станувањето на заколната девица, го издигнува нивниот статус на исто ниво со мажите и им ги дава истите права," објаснува фотографката.
Жените кои ќе станат заколнати девици, веднаш се шишаат, облекуваат машка облека а некогаш и го менуваaт името. Тие почнуваат да вежбаат машки манири и однесување се додека тоа не им стане природно.
И покрај тоа што традицијата полека застарува заради промените во општеството, овие жени и понатаму уживаат голема почит во нивната средина.
"Нивната транзиција е целосно признаена, потврдена и прифатена без никаква прашања од луѓето меѓу кои тие живеат. Но најизненадувачки е што овие жени речиси и да не жалат за промената и за она што го жртвувале," пишува Петерс.