Талески: Не разговарам со Кузмановски, а Лазаров не би го поздравил на улица

Поранешниот играч на Вардар и македонската репрезентација, Филип Талески се отвори во подкатстот „Вистина или не“ на Канал 77. Одговори директно и отворено за неговиот однос со селекторот на Македонија и неговиот порашенен соиграч и имењак.

Дали разговараш приватно, а и службено со Филип Кузмановски?

Не.

Зошто?

Па да речеме тоа е некоја историја. Немам никаков проблем со никого и никогаш не сакам на никого да му направам лошо. Но, некои личности кога ќе направат лошо, знам само да ги пречкртам и да се оттргнам од нив. Од моја страна мислам дека он према мене има направено лошо и затоа тоа е мојата одлука. За да ја дознаете причината од другата страна, треба да го прашате него.

Дали би играл за Пелистер?

Не. Јас сум дете на Металург кој се распадна и кој мислам дека има оставено многу длабока трага за доброто во македонскиот ракомет, но после Металург единствен клуб кој го сакам искрено е Вардар. Не би си дозволил таков луксуз да ги изневерам навивачите на Вардар, а потоа и самиот себе да отидам во најголемиот ривал Пелистер.

Дали би го поздравил Кире Лазаров ако го сретнеш на улица?

Не. 

Ти се игра за Македонија?

Душата би ја дал за Македонија, меѓутоа некој друг одлучува зошто е тоа дозволено така. Тоа прашање не е за мене.

Дали мислиш некој друг не го заслужува твоето место во репрезентацијата?

Да.

Мислиш дека има ракометари во репрезентација кои не се на твое ниво?

Да.

Дали мислиш дека медиумите те потценуваат?

Да. Не сите, но спортските медиуми го користат моето име и презиме за некаква нивна промоција.

7 ноември 2025 - 09:57