Историјата на потеклото на јазичките мешавини варира. Некои од нив се создадени во мирнодопски услови, на пример преку трговија, кога на луѓето им е потребен „лингва франка“ за да се разберат. Такви се нигерискиот „пиџин“ англиски, кој овозможува комуникација на говорители на над 500 јазици. Но има такви кои се изродени од трагедија и насилство, како хаитскиот и јамајканскиот креолски и други кои се резултат на пацифичката трговија со робови, кога западно-африканските народи комбинирале неколку јазици со англискиот, создавајќи секојдневен говор кој го користеле робовите.
Денес, голем број од овие контактни јазици е загубен. Опстануваат околу 200, па и тие се на работ на исчезнување. Лингвистите и антрополозите кои традиционално се фокусирани на судбината на поформалните јазици сега почнуваат да го вртат вниманието кон овие мешавини, проучувајќи ги со поголем интензитет и работејќи со домородни групи и невладини организации, а за нивно зачувување.
Во текот на времето некои контактни јазици се покажале како „транзициски“, односно нешто што почнало како контактен јазик преминало во поформализиран, со сопствена граматика и правопис. Но оние кои останале мешани често се заобиколени од истражувачите затоа што се сметаат за „бастардизирани“ верзии од јазиците кои се дел од нив, значи не-вистински јазици, туку „улични“.
Сепак, и тие, улични или не, се дел од идентитетот и историјата на голем број групи. Кога исчезнуваат со нив исчезнува и традицијата и меморијата за постоењето на нивните говорители. На следнава мапа можат да се видат најзагрозените контактни јазици во моментов:
Она што го загрозува нивното постоење е што тие не се пишани, туку се пренесуваат само усно. Тоа значи дека кога и последниот говорител ќе почине, доколку не се преземат итни мерки за негово регистрирање, ваквиот јазик ќе изумре засекогаш.