Доаѓаш на стадион, гигантот Фенербахче гостува? Не, од балкон со пивце ќе ја гледам

Во Турција има прволигаш со помал стадион од многу наши. Комшии се собираа кај тие со најубав поглед за да ги гледаат гага Един Џеко, Душан Тадиќ, Фред и другарите.

Сте чуле ли за Пендикспор? Тотална непознаница од турскиот фудбал, барем за нас кои не сме се кладеле на турција втора и трета лига.

Се работи за место во провинцијата на Истанбул од каде сезонава, за прв пат во 70 години историја нивниот клуб заигра во најелитното клупско друштво во Турција.

Од 1950-та до 1983-та се натпреварувале на аматерско ниво, а потоа 40 години во втората и третата турска лига.

Викендов за нив беше посебен, бидејќи го пречекаа Фенербахче на Пендик стадионот кој собира 1.960 гледачи.

Но поддршката сепак им беше поголема, ако се додаде и онаа неофицијална бројка на нивни поддржувачи кои ги гледаа од дома.

До стадионот има згради во кои сигурно викендов било тепачка за да се оди на гости, со оглед на тоа што гостуваше 19 кратниот првак на Турција.

Овие луѓе едноставно немаат трошоци за на стадион, освен пиво и мезе по цена од маркет. Карти може да наплаќаат.

А имаа и што да видат, а тоа се 5 гола на гостите и хет-трик на Един Џеко.

 

31 октомври 2023 - 13:11