Фенербахче ја совлада Севиља 1:0 во осминафиналето од Лига Европа, ама не оди понатаму поради поразот во Шпанија од 2:0.
Само што помина инцидентот во Холандија минатото коло, каде беше нападнат од навивач на ПСВ, српскиот голман Марко Дмитровиќ пак се соочи со навивачка агресија.
Овој пат од навивач на Фенербахче кој го погоди со предмет во глава.
Fenerbahce fans threw lighters at Sevilla's Marko Dmitrovic.
— Sam Street (@samstreetwrites) March 16, 2023
Don't know how he seems to get this crap every round.pic.twitter.com/AwGJFuFXtB
Судијата го прекина мечот на неколку минути, а на Дмитровиќ му залепија фластер.
Другиот инцидент се случи на средбата меѓу Сиваспор и Фиорентина. Двајца навивачи очигледно фрустрирани од поразот дома од 1:4 и елиминација во Конференциска лига, се симнаа на терен.
Ни крив ни должен во 89-та минута бокс во нос доби 20 годишниот Алесандро Бјанко.
👊Vergognosa aggressione a Bianco durante Sivasspor-Fiorentina ⚠️ pic.twitter.com/quplaAXCue
— Passione Fiorentina (@PassioneFiorent) March 17, 2023