Прво беше универзитетот во Род Ајленд и директорот за постдипломски студии по историја Ерик Лумис кој ни пет ни шест кажа дека „науката, статистиката и технологијата се инхерентно расистички“. Истиот изјави дека не гледа ништо лошо во тоа што еден конзервативен демонстрант загина од член на Антифа и дека тоа е повеќе тактичко отколку морално прашање. Но, тоа е друга тема.
Последно е што универзитетот Дурам побара од професорите на математичкиот факултет да се запрашаат себеси дали цитираат трудови главно од бели или машки математичари.
Спред неколку извори (Телеграф, Колеџфикс) во поделеното упатство се вели дека „деколонизирањето на математичкиот програм подразбира да се земе предвид културното потекло на математичките концепти и теми кои најчесто се обработуваат“.
„Прашањето дали сме дозволиле западните математичари да доминираат во нашата дисциплина не е помалку релевантно од она дали сме дозволиле на западните автори да доминираат на полето на литературата. Тоа може да биде дури и поважно, затоа што математиката е поважна за напредокот на науката отколку литературата“.
Некои професори се побуниле заради барањето воопшто да размислуваат за полот или расата на математичарите при објаснување на нивните теории или формули но има и такви кои се согласуваат со ваквиот „развој на настаните“ со идеја дека ако веќе сите треба да бидат третирани еднакво, тогаш исто така требаа да биде третиран и статусот на нивните уверувања. Сето тоа во име на фамозната инклузивност.
„Само што, не сите идеи се еднакви, особено не во математиката,“ пишува професорот Џонатан Турли. „Математиката е инхерентно објективна и заснована на докажливи начела или теории. Срамота е таа да се третира како поле на привилегија кога многумина од нас ја гледаат како поле на чиста интелектуална потрага и неприкосновена неутралност. Математиката или ја има, или ја нема“.
Чиста математика.