Ако си куче и газдата те тера да носиш џемпер, ти него терај го да носи опашка.
За мене "надвор" е оној простор кој мора да го поминеш кога излегуваш од својот апартман за да влезеш во такси.
Храната е важен дел од секоја балансирана исхрана.
Мене славата не ме расипа. Отсекогаш сум била неподнослива.
Преферирам мртви писатели бидејќи на нив не можеш да налеташ на журка.
Тинејџерството е последниот период во животот кога се радуваш дека телефонот што ѕвони е за тебе.
Мое омилено животно е кременадлата.
Никогаш не сум земала халуциногени дроги зашто не сакам свеста да ми се прошири ни за милиметар.
Кога го напушташ Њујорк, шокиран си колку остатокот од светот е чист. А "чист" не е доволно.
Сфатив дека шансите да добиеш на лото се подеднакви и да играш и да не играш.
Прашај го своето дете што сака да вечера само ако тоа го плаќа јадењето.