Познат беше по лудиот, разигран стил и уметнички моден дизајн, што ги растресе мирните, бизнис-ориентирани ’80-ти. Ризикувањето му беше дел од ДНК и влијаеше на многу дизајнери од поново време, од Виктор и Ролф, до Џереми Скот.
Култот за Диего Марадона е граден во црквата „Божја рака“ во Аргентина, во Неапол, на Светското против Англија во 86’-та, па на Мундијалот во Русија 2018...
Оние чијшто придонес на социјалните мрежи се мери во валута „збор-алтан“ често знаат да пуштаат во етер цитати од Ајнштајн. Со негови мудри изреки почнуваат мотивациски говори, се печатат маици и се почнуваат книги. А тој кутриот можеби никогаш не го кажал тоа што му го припишуваме. Од каде ни е тогаш таа потреба?
Меѓу другите многу смеење предизвикаа и оние: „Дајте ми десет дрва и Зинедин Зидан и ќе ја освојам Лигата на шампионите“ или „Хајнце е толку груб што би влегол во дуел и со баба му“.
Пред некој ден во својот дом во Њу Џерзи на 90 годишна возраст почина еден американски безбол играч. Ќе немаше причина да го бележиме овој настан доколку не се работеше за Јоги Бера. За пароли ние го имавме Грунф од Алан Форд, Американците го имаа Јоги.
Додека стигне книгата за подемот на дотком милијардерот, низ неколку цитати за ставовите на Елон Маск за девојките (им треба 10 часа внимание неделно) и за електричните автомобили (тие бараат многу повеќе).
Има денови, а тоа се повеќето денови, кога цитатите од стереотипно депресивните филозофи делуваат баш онака на место. Уште поубедливи и поточни стануваат кога се илустрирани со слатки животни. Дури тогаш го заслужуваат името - мотивациски постери. Еве неколку од нив.
Наоколу има еден куп сајтови со згодни цитати за секоја прилика, што мрзливите често ги користат како аутсорсирана ерудиција. Така се случува и мрчало како Шопенхауер да се најде на сајт за даночни советници.
Од времето кога бил во затвор, до статус на државник и инспирација на голем број генерации, цитатите на Мандела зборуваат повеќе од некаква сувопарна биографија.
Извадени од контекст, некои од познатите изреки на славните писатели понекогаш се толкуваат сосема спротивно од оригиналното значење. Или - онака како што ни одговара.
Хаи-Тинг Чин (Hai-Ting Chinn) , мецосопран од Њујорк, е позната по проекти кои истовремено ја промовираат класичната музика и науката. Еден од нив е пеење цитати од познати научници.
Иако тој боледува од деменција, ние заборавивме да му честитаме - вчера „Габо", како што го викаат нагалено земјаците, наполни 86. Добра вест со оглед на тоа што неколку пати на интернет беше прогласуван за мртов.
Постојат куп изреки кои како „бисери на мудроста" масовно се споделуваат на интернет. Како поздрави и честитки се испраќаат и цели песни или кратки раскази. Но дали тој-и-тој навистина го напишал тоа-и-тоа, и зошто е тоа важно?
Одвреме навреме страда од биполарно пореметување, инаку е брилијантен актер, автор, писател, комичар, тв лице и директор на фудбалскиот клуб Норвич Сити. Од Црна Гуја наваму, ретко утнал работа.
Нека му е среќен роденден (деновиве наполни 50) и уште долго да исправа криви Дрини човекот кој порача: „Нема да се цензурирам себеси за да го утешам твоето незнаење", „Ако не се држиш до твоите вредности кога тие се ставени на тест, тогаш тие не се вредности, тие се хоби" или „Ако го зголемиме звукот на сè, нема ништо да чуеме."
Френ Лебовиц (1950.) е ортодоксна њујорчанка, жесток борец за правата на пушачите, своевремено ангажирана од Енди Ворхол, одрасната во еврејско семејство и според Венити Фер една од најелегантните жени на сите времиња. Пар мудри и дрски зборови произведени од ова нејзино фино биографско шаренило.
Со оглед на тоа што денес се поклопуваат Towel Day и некогашниот Ден на младоста, предлагаме спојување на најдоброто од двете - младите во главниот и другите градови во Македонија да стопираат по улици покриени само со крпи, кои би си ги поддавале, ко штафети.