„Техника - не е способност да жонглираш 1.000 пати. Секој може да го научи тоа со вежбање. Со ист успех може да работите во циркус. Техниката подразбира способност да ја примите брзата топка и со исправна брзина и лесно темпо да му ја додадете на соиграчот“.
„Некои луѓе сакаат да ја пимплаат топката во воздух и тоа навистина изгледа одлично. Но во исто време, противничката одбрана има повеќе време да се врати назад. На таквите луѓе местото им е во циркус“.
„Изберете го најдобриот играч на секоја позиција и ќе добиете тим со најдобри фудбалери на своите улоги, но не и најдобар тим на сите времиња".
„Во мојата екипа голманот е прв напаѓач, а напаѓачот е прв дефанзивец".
„Зошто богатите клубови некогаш не победуваат? Па јас не сум видел вреќа со пари да дава голови".
„Јас сум поранешен играч, поранешен технички директор, поранешен тренер, поранешен менаџер, поранешен почасен претседател. Имспресивна листа која покажува дека сè има свој крај".
„Играчите кои не се лидери секогаш им вриштат на соиграчите за било каква грешка. Правиот лидер знае дека грешките се неизбежни".
„Има само еден правилен момент. Ако не, тогаш е или премногу рано или премногу доцна".
„Во просек, играч ја држи топката 3 минути по натпревар што е статистички докажано. Најважна работа е - што правел другите 87 минути без топка? Тоа е тоа што одредува дали е добар играч или не".
„Јас не сум верник. Во Шпанија 22 играчи се молат пред да истрчаат на терен, а ако е така сите натпревари треба да завршат нерешено".
„Голферот има посебен помошник кој му ја вози колата, му ги носи палките за голф и му ги мести топките. Во фудбалот еден тренер на 15 играчи. Апсурдно нели"?
„Да играм во првата фаза од некој турнир никогаш не била моја цел. Подобро да си во група со Бразил, Аргентина и Германија. Замисли после прата рунда, два ривали од овие помалку. Совршено".
„Игра без резултат - недостаток на бодови. Резултат без игра - досада".
„Страшно е што младите таленти ги оценуваат на основа на компјутерски статистики и анализи. Ако имаше таква пракса во мое време, немаше да му се приближам на Ајакс. Ја можев да шутнам со лева максимално 15 метри, а со десна 20 метри. Мојата техника и тактичка способност не може да ги идентификува некаква технологија".
„Да играш фудбал е едноставно, но да играш едноставен фудбал е најтешко".
„Да сакав да ме сфатите, ќе ви објаснев подобро".
„Во свое време, можев да работам како тренер без неопходната диплома. Денес ја измислија позицијата технички директор".
„Ако им дадеш една шанса на Италијанците, ќе ти дадат два гола".