Холивуд убер алес

Меѓу Хитлер и Холивуд постоел сосема солиден пакт и во 30-тите и во 40-те години на минатиот век, открива истражувач од Харвард. Соработката течела беспрекорно иако добар дел од главните луѓе на тогашен Холивуд биле Евреи.

Холивудските студија се согласиле да не прават филмови во кои ќе се напаѓат Нацистите или ќе се осудува прогонот на Евреите. Некои од главните луѓе на студијата директно се договарале со претставници на нацистичката пропаганда со цел да обезбедат присуство на нивните филмови во Германија.

Конкретните отстапки на Холивуд биле морничави:

Еврејските имиња беа бришани од шпиците. MGM директно го има финансирано германското вооружување а првиот човек на филијата на оваа компанија во Германија се развел од својата жена Еврејка на барање на германскиот министер за пропаганда, по што таа завршила во концентрационен камп, пишува Бен Урванд во својата книга "Колаборација, холивудскиот пакт со Хитлер," која се темели на материјали од девет германски и американски архиви.

На неочекувано остра реакција книгата наиде кај критичарот на Њујоркер кој не верува во ваквите наоди.

Холивуд преговарал, ги цензурирал своите креативни луѓе, правел шеми за да го зачува својот бизнис во иднината, ама, не соработувал, мисли Дејви Денби од магазинот.

Книгата на Урванд ја читнaл и Квентин Тарантино и мисли дека е "факинг интересна"

 

28 септември 2013 - 12:04