Се викам Роберт Мелоун, лекар сум и научник но, уште поважно, и родител и дедо сум. Обично не читам подготвени говори, но сакам да сум прецизен во секој изговорен збор и научен факт.
Стојам на оваа изјава со цела моја кариера посветена на истражување и развој на вакцини. Јас сум вакциниран против ковид и генерално сум про-вакцинација. Целата моја кариера ја имам посветено на развивање безбедни и ефикасни начини за превенција и лекување заразни болести.
Пред да го инјектирате вашето дете - одлука која е неповратна - сакам да ве известам за научните факти за оваа генетска вакцина, која се заснова на технологија на мРНК вакцината што ја имам создадено.
Постојат три работи што родителите треба да ги разберат:
Првата е дека во клетките на вашите деца ќе се инјектира вирусен ген. Овој ген го принудува телото на вашето дете да произведува токсични шилести протеини. Овие протеини често предизвикуваат трајно оштетување на критични органи на децата, вклучително:
- нивниот мозок и нервен систем;
- срцето и крвните садови, меѓу што и згрутчување на крвта;
- нивниот репродуктивен систем;
- оваа вакцина може да предизвика фундаментални промени во нивниот имунолошки систем.
Најалармантна поента во врска со ова е дека штом еднаш ќе настанат оштетувања, тие се непоправливи, не може да се вратат назад.
- не можете да ги поправите ткивата во нивниот мозок;
- не можете да ги поправите лузните на ткивото на срцето;
- не можете да поправите генетски ресетиран имунолошки систем;
- оваа вакцина може да предизвика репродуктивно оштетување што може да влијае на идните генерации на вашето семејство.
Втората работа која треба да сe знае е фактот дека оваа нова технологија не е адекватно тестирана.
- потребни се најмалку 5 години тестирање/истражување пред да можеме навистина да ги разбереме ризиците;
- штетите и ризиците од новите лекови често се откриваат многу години подоцна;
Запрашајте се дали сакате вашето сопствено дете да биде дел од најрадикалниот медицински експеримент во историјата на човештвото.
Завршна поента: причината што ви даваат за да го вакцинирате вашето дете е лага. Вашите деца не претставуваат никаква опасност за нивните родители или баби и дедовци. Сосема спротивно е. Нивниот имунитет, по добивањето ковид, е од клучно значење да се спаси вашето семејство, ако не и светот од оваа болест.
Накратко: нема корист за вашите деца или семејство да ги вакцинирате децата заради малите ризици од вирусот, со оглед на познатите здравствени ризици од вакцината со кои како родител, вие и вашите деца можеби ќе треба да живеете во остатокот од нивниот живот.
Анализата ризици/добивка не е ни приближно воедначена.
Како родител и како дедо, моја препорака до вас е да се спротивставите и да се борите да ги заштитите вашите деца.
Професор доктор Роберт Малоун,
декември, 2021.
*********
Види и:
Запознајте се со цензурираните: Брет Вајнстин