Холандскиот великан, Јохан Кројф (1947 - 2016), кој остави богато наследство во Ајакс и Барселона и општо во фудбалот и како играч и како тренер, некој седнал и многу умешно го сработил со денешните најнови технологии и вештачки интелигенции.
Фудбалот не почна со Роналдо и Меси, тоа децата мора да го знаат и да прашаат по дома кои биле Јохан Кројф и Франц Бекенбауер. Симболи на Холандија и Германија кои одбележаа една фудбалска ера во која заедно освоија 5 Златни топки во периодот 1971-1976.
Не било лесно и не се случило преку ноќ. Приказната за тоа како легендарниот Холанѓанец заминал во Каталонија, кулминирала на 13 август 1973-та. Но таа започнала многу време пред тоа со еден куп сопки.
И кога сме кај Ајакс - Наполи (1:6), пазете го видеово. Јохан Кројф (1947-2016) и Диего Марадона (1960-2020), великани без кои никогаш немаше да биде иста историјата на Ајакс и Наполи. Првиот има освоено 18 трофеи од кои три по ред во ЛШ. Вториот ги донесе единствените две Скудета во Неапол, како и Купот на УЕФА и Куп и Суперкуп на Италија.
Правила се правила, велат од Нион каде стриктно се држат до прописите, дури и во ситуација кога некаде во Европа има симпатична приказна за романтичен фудбал.
Спонтан момент од тренинг на големата Барселона во која Кројф беше тренер а нападот го предводеа Ицо „Камата“ Стоичков и Бразилецот Ромарио. Јохан му објаснува на Ицо како да скока со јаже, овој се плетка па Кројф се смее.
Пред неколку месеци раскажавме за капитенот на Уеска, Хорхе Пулидо кој на секој гостински меч излегува на теренот со уникатна капитенска лента околу рамето.
Малку е позната приказната за трансферот на легендарниот холандски ас, најдобар играч на светот во свое време, во мал клуб од предградието на Валенсија.
Дискретниот јунак, шпиц од најдобрите денови на ПСВ Ајндховен и Андерлехт, легенда на холандско-белгискиот фудбал од кој што најмногу научиле Роналдо и Руд Ван Нистелрој. „Сè што направив во кариерата му должам нему“.
На денешен ден пред точно 26 години италијанскиот гигант ја имаше можеби најубавата вечер во својата вековна историја. Со скрпен тим, без неколку главни играчи мораше да се борат против страшната Барселона на Кројф, Ромарио, Стоичков, Гвардиола...
Во Шпанија после напорни спорови меѓу фудбалската федерација и Ла Лига, уште не е решено кога ќе се доигра. Најверојатно е фудбалот да продолжи на крајот од мај или на почеток од јуни, сигурно без гледачи.
На 23-ти март се навршија 4 години од смртта на еден од најголемите европски фудбалери на сите времиња - Јохан Кројф. За тоа каков бил како човек надвор од теренот раскажа Роналд Куман, неговото фудбалско дете.
Каталонците од година во година вадат екстравагнтни дресови, некои повеќе а некои помалку убави. Среќа па не им текна онаа розевата циркузантска пак да ја дизајнираат. Овојпат се враќаат на корените, на времето кога Кројф и Ринус Михелс создавале историја.
Кој и да го освои сезонава трофејот во ЛШ и за кој и да навиваме, себично е ако речеме дека овој клуб не го бива и незаслужено и на среќа стигна до четвртфинале. Имаат едноставен, но префинет концепт на игра негуван одамна. Не случајно го урнаа Реал.
Славниот клуб од Амстердам неколку години го немаше на фудбалската мапа на Европа онака како што треба да го има, па затоа Јохан Кројф пред неколку години го викнал Марк Овермарс на кафе-муабет.
Младиот Френки де Јонг е веројатно еден од ретките таленти кој имал проблем речиси со секој тренер во досегашната кариера. Никој не знаел да го препознае неговиот авантуризам на теренот.
„Влегуваме во соблекувална на полувреме и се гледаме меѓу себе. Овие запнаа како да играат финале, а ние се договоривме да му ја даваме цело време на Кројф за он да игра пред публика.“
Еден од најголемите фудбалери и фудбалски тренери на сите времиња, Холанѓанецот Јохан Кројф во една прилика изјавил дека секој играч мора да знае да зборува макар два странски јазици.
Фудбалскиот џентлмен и татко на стилот и играта на Барселона и Ајакс денеска требаше да наполни 70 години. Неговиот животен опус секогаш поврзан со фудбалот, толку е богат и по неговото пензионирање, што архивата нема да има застој за него.
Работата на Арсен Венгер веќе со години е предмет на расправа во медиумите и меѓу навивачите кои силно притискаат и апелираат дека треба да си замине. Холандската легенда не мислеше така.
Опкружен со сопругата, децата и внуците, утрото на 24 март минатата 2016-та Јохан Кројф почина на клиниката во Барселона. Причина за смртта на еден од најголемите во историјата беше ракот на белите дробови. Светот се сеќава.
Интересна ретро случка поткрепена со фотографии во која несвојствено еден фудбалски натпревар од најелитното клупско европско натпреварување се одиграл и покрај тоа што едниот тим неколку мигови претходно бил дел од сообраќајна несреќа.