Јохан Крој тренираше два клуба, Ајакс и Барселона во кои беше претходно и играч, а откако во 1996-та се повлече од тренерската кариера не престана да работи на разни глобални иницијативи како Cruyff Foundation, Cruyff Institute, Cruyff Classics, Cruyff Football и Cruyff Library.
Во чест на неговиот роденден, ќе ја издвоиме неговата основна фудбалска лекција од која можат да учат деца што сакаат да се занимаваат со фудбал. Нема да ви звучи непозната, бидејќи ако сте играле порано фудбал во маало знаете од прилика за што се работи.
„Кога бев тренер на Ајакс понекогаш ги земав децата од по 10 години, ама не ги носев на терен, туку на паркинг. Е токму на такво место се учат многу работи. Ако влезеш во дуел на бетон и паднеш ќе се повредиш, ќе се изгребеш, ќе те боли, па дури и ќе крвариш. Тогаш треба да станеш свесен да учиш како да се движиш побрзо и да решиш побрзо што ќе правиш со топката, за потоа повторно да не паднеш пак. Со оваа лекција веќе ги сфаќаш основните аспекти во фудбалот: позиционирање, контрола на топка, брзина и пред се концентрација.“
„Да играш фудбал е едноставно, ама да играш едноставен фудбал е најтешката работа“, рече учителот на кој фудбалскиот свет веќе не знае како да му се заблагодари за тоа што го остави во наследство.
Во Амстердам отворија продавница во негова чест
А Барселона почна да гради стадион со неговото име
На стадионот ќе има музеј со посебен сектор само за него, а ќе бидат изложени две историски парчиња кои семејството на Кројф ги донираше во Барселона: Златната топка и дресот со број 9.
Број на настапи и голови од неговата играчка кариера