Тоше Поп - Симонов:

Самурајски, а не џукачки

И сеа ви е супер, онака комотно распослани во својата искомплексирана анонимност, под лажен профил да си куцкате по тастатурата со една рака, додека со друга онанирате на помислата дека - еве, фала курцу, како така му го начукаа и на овој шупаков Трендо, што цел живот е некој и нешто во медиумскиов простор, а јас сум сто пута бољи ама мене никој не ме есапи за жив? Бед њуз, гајс....

Им се извинувам унапред на сите на кои oва подоле напишаново не се однесува.

Пошто се однесува на еден специфичен тип на загноени душичиња, кои секако ќе се препознаат.

Оние, кои кога у маало се тепаат поголемите и похрабрите, грицкаат семки на безбедна оддалеченост и евентуално ќе удрат некоја клоца онака кукавички, на подло, одзад грб. Без храброст да се погледне во очи тој на кого си тргнал да удриш.

Ало бе, фекалии, ќе ја користите гужвата од бомбите на опозицијата, за сеа да задоволуете тука некои дамнешни приватни фрустрации и по кратка постапка, без никакви аргументи да ставате на крст луѓе кои се во секој поглед неспоредливо поголеми од вас?

Од све што чувте денес - единственото што го заклучивте со таа едната клетка што ви работи е дека - "ахаа, ете и Трендо е гнаса, јас од кога ви викам а вие не ми верувате" - само врз основа на тоа дека е потполно вон контекст спомнат во еден од прислушкуваните разговори?

Така?

Гнаса е затоа што е спомнат од страна на лик, кој колку и да е крив или не - приватно му е другар до толку да може да си дозволи (исто така приватно) да се заебаваат по смс и лично меѓу себе и со другите со кои исто така се другари со години?!?

Приватно! Не во јавност! Онака, меѓу себе! Каде е тука чинот на велеиздаја и доказот за "одработување" за некого?!?

Или затоа што цел живот сте сакале да бидете Трендо и никогаш не ви успеало?

И сеа ви е супер, онака комотно распослани во својата искомплексирана анонимност, под лажен профил да си куцкате по тастатурата со една рака, додека со друга онанирате на помислата дека - еве, фала курцу, како така му го начукаа и на овој шупаков Трендо, што цел живот е некој и нешто во медиумскиов простор, а јас сум сто пута бољи ама мене никој не ме есапи за жив?

Бед њуз, гајс. Трендо е Трендо а вие сте никој и ништо.

И тоа така и ќе остане, заувек, од причини од кои да требало да биде обратно - би било обратно. Универзумот има непогрешив смисол за баланс и не греши никогаш.

Трендо ми е другар. И имаме различни ставови за милион работи. И тоа никогаш не ни засметало да седнеме и да се видиме како луѓе, на многу големо обострано задоволство.

И еден цел куп други луѓе со потполно различни идеолошко-филозофско-политички ставови од моите - исто така ми се пријатели и другари и бескрајно многу ги почитувам и како луѓе и како професионалци во своите области. И ако дојде ред да треба да искочиме во ринг и да ги спротиставиме ставовите, тоа пак ќе биде со многу почит и меѓусебно уважување.

Самурајски.

Не вака џукачки, како што вие уживате да го правите тоа.

Тоше Поп Симонов, виа FB

8 мај 2015 - 09:38