Во шпанските медиуми се појави информација дека Реал ќе ја доигра сезоната на помошниот стадион „Алфредо Ди Стефано“ каде обично игра третиот тим Реал Кастиља.
Марка пишува дека Ла Лига веќе го одобрила овој предлог. Барселона исто има план привремено да „го одмори“ Камп Ноу. Дејли Мејл пренесе вест дека Каталонците би можеле да играат на резервниот стадион „Јохан Кројф“ каде игра Барселона Б и третиот тим.
Логиката е проста, гледачи и онака нема да има па подобро е да се игра на помали стадиони. Притоа и двете помошни арени се наоѓаат во тренинг база па ќе се намали потребата од логистика и ќе се намали ризикот од нови зарази кога ќе продолжи првенството.
„Алфредо Ди Стефано“ е убав мал стадион отворен во 2006-та. На него играат резервите на Реал.
Од друга страна, стадионот „Јохан Кројф“, отворен минатата 2019-та година на местото на „Мини Естади“ на кој претходно играа резервите на Барселона. Ова стадионче ги исполнува сите услови за првенствени натпревари и е далеку помодерно од многу други европски стадиони.
ГЛАВНИ ПРИЧИНИ СЕ ПЛАНИРАНИТЕ РЕКОНСТРУКЦИИ НА „БЕРНАБЕУ“ И „КАМП НОУ“
За да сменат домаќински стадион во текот на сезоната, клубовите треба да добијат дозвола не само од Ла Лига туку и од УЕФА.
Реал има добро оправдание - градежните работи на реконструкција на „Сантијаго Бернабеу“ веќе се почнати и ако се оди по планот таму летово ќе има масивна реконструкција. Минатата недела веќе демонтирале еден кров над трибините а објектот нема да биде спремен пред септември, велат од клубот.
Интересно, стадиончето „Алфредо Ди Стефано“ ги има апсолутно сите услови како и „Бернабеу“ така што на играчите нема да им биде тешко да се навикнат на нови услови.
Барселона исто има голем план да го реконструира „Камп Ноу“ кој од 99.000 седишта ќе може да собира 105.000. Но проектот на Каталонците уште не е отиден толку далеку како на Реал.
Во случај да продолжат со фудбал на помошните стадиони, таму ќе мора да има адаптација на ВАР систем. И двата стадиони ќе пречекаат по 5-6 ривали до крајот.