Таг: реал мадрид

Мбапе го замолкна Камп Ноу, Кралот се враќа

ПСЖ ги сопре во ЛШ, Реал Мадрид во Ла Лига. Фудбалерите на Барселона потклекнаа во Ел Класико пред своите навивачи после 9 стартни победи во домашното првенство. Ги реши Килијан Мбапе со голови во 41 и 87 минута. Голот за израмнување го постигна Рафиља во 61-ва. Разликата меѓу ривалите сега изнесува 3 бода.

Проектилот од четири агли на најскапиот играч во историјата на Реал

Ако треба да се издвои голот на вечерта во ЛШ, тоа сигурно е последниот од средбата меѓу Реал и Лајпциг кој падна во 87-ма минута за конечни 4:1. Јан Диоманде дами и господа. Страшен финиш.

И нашиве коментатори да не се спремаат вака за пренос?

Сте виделе ли некогаш со каков материјал располагаат коментаторите и дали за време на преносот читаат информации од тефтер, телефон, компјутер, таблет? Шкотскиот коментатор Дерек Реј, изгледа штедел на хартија за мечот Реал Мадрид - Севиља. Си го разбира ли човекот своето?

Убиствен соло продор на Мбапе и бомба на Гулер

Реал Мадрид ја доби Севиља убедливо со 4:1 и остана на -1 од Атлетико и -6 од Барса. Резултатот го отвори Гулер со голчиште во 30 минута, а 7 минути подоцна Килијан го дуплираше водството со велемајсторија за најавни шпици. Мбапе во второ постигна и гол од пенал, а убав гол даде и Диоманде.

Лекот за Реал Мадрид се вика Диего Симеоне

Откако аргентинскиот стратег го презеде тимот, Атлетико Мадрид има освоено најмногу бодови против Реал Мадрид. Во моментов дури и минимално повеќе од Барселона.

Ѓулер мајстор од слободен удар, Еспи повторно јунак во судиско

Реал Мадрид спаси гз, повторно во судиско и повторно со помош засилувањето од Левнте, Карлос Еспи. Во 2. коло против Еспаљол им донесе 3 бода со гол во 90-та минута, откако Жозе го стави во игра. Синоќа иста песна. При резултат 2:2 против Елче на гости, Мурињо го внесе во 87-ма, а овој погоди по само 4 минути за игра за конечни 2:3. Прекрасен гол на средбата даде Арда Ѓулер.

Рекордна финансиска моќ на Реал, имаат 40 пати поголем буџет за плати од Севиља

Ла Лига откри бројки кои не им се баш омилени за откривање на клубовите, а тоа е со колку пари располагаат за плати на годишно ниво. Кај нас никогаш не дознавме на пример, колку е просечна плата на еден фудбалер?

Два кикса на Интер му пресудија на Бернабеу

Реал Мадрид со триумф од 2:1 ја стартуваше новата сезона во ЛШ. Актуелниот шампион на Италија има причина за големо разочарување. Имаше повеќе од играта, а статистички доминираше со 64% посед на топка и вкупно 21 удар. Од грешка во додавање на Јан Бисек и невнимание на шпанскиот голман Хосеп Мартинес, профитираше Мурињо. Стрелци Мбапе и Валверде. Манчестер Сити и Бетис обезбедија гостински победи.

За презентација на летото ја прогласуваме онаа со двете баби

Август е резервиран за трансфери, посебно во последните денови од месецот, кога има трчаници за да се стигне до што подобар потпис. Едно момче од Леванте изненади кога пристигна на Бернабеу.

Прекрасни акции на Реал, хет-трик на Мбапе

Реал Мадрид го растури Реал Сосиедад со 4:1 и стигна до 2 од 2 во Ла Лига. Жозе Мурињо треба да биде презадоволен од играта која ја одиграа неговите пулени, барем што се однесува до акциите за головите. Сè е тука изработено фудбалски и убаво за око.

Кажете ни дека ова е со АИ правено?

7 април: Реал Мадрид - Баерн Минхен, четвртфинале во ЛШ на Бернабеу.

Лудо голчиште на Молина, Реал ја сврте

Реал Мадрид го доби градското дерби со пресврт од 0:1 на 3:2. Гостите поведоа преку Лукман, но во вториот дел Винисиус го реши мечот со два гола, потмогнат од Валверде кој беше меѓу стрелците. Го издвојувате потегот на мечот, ремек делото на Молина.

Ретро на денот, Ѕвезда - Реал 4:2, Бошко стрелец

Налетавме на јако видео од ЛШ, тогашен КЕШ. Четвртфинале меѓу Црвена Ѕвезда и Реал Мадрид, сезона 1986/1987. Година во која европски првак станува Порто, кој потоа ледната година го гази југословенскиот првак Вардар со вкупни 6:0 во првото коло.

Десетмината на Реал кои се во аут за следниот меч

Реал Мадрид се соочува со целосно неочекувана ситуација. Минатото коло загуби од Хетафе и сега е на -4 од Барса, во петок игра против Селта на гости, а потоа во среда го пречекува Манчестер Сити. Цел на тим на повредени има во пресрет на следното коло од Ла Лига. Алаба и Асенсио се повредени. Белингем и Себалос имаат повреда на мускул. Мбапе, Милитао и Родриго повреда на колено. Хуијсен, Карерас и Мастантуоно се суспендирани.

Евроголот на Хетафе на Бернабеу и несмасниот потег на Рудигер

Пукна сензација на Сантијаго Бернабеу. Хетафе го доби Реал Мадрид на гости по пауза од 18 години со посед на топка од 23% и ѝ направи услуга на Барселона која сега им бега 4 бода. Мечот го реши Мартин Сатријано со голчиште во 39 минута. Франко Мастантуоно и Адриан Лисо добија црвени во судиското продолжение, а од картон се спаси Антонио Рудигер, кој без осет, со колено во глава удри противнички играч и тоа два пати.

Другар ти за Реал си или за Лацио?

Нацистички поздрав фатен на камера меѓу навивачите на Реал Мадрид на мечот против Бенфика во ЛШ, нетипично за трибините на Бернабеу.

Пародија на мечот Бенфика - Реал Мадрид 4:2

Си немале дечкиве попаметна работа и фатиле во хангар со коли, да го „прераскажат“ лудиот меч меѓу Бенфика и Реал Мадрид, кој заврши со гол на голманот на домаќините и тоа во 98-ма минута. И тоа добро се спремиле, со сите нишани.

Фантастичната акција која го одбележа мечот на Бернабеу

Реал Мадрид го декласираше Монако со 6:1 и е втор на табела во ЛШ со 15 бода, исто колку што има Баерн, кој вечерва игра против Унион Сен-Жил. Одиме со акцијата на мечот, која почна со петица на Камавинга, продолжи со прекрасен пас на прва на Ѓулер, па асистенција на Винисиус со надворешен фелш и гол на Мбапе.

Деби за заборав на Арбелоа, Реал елиминиран од второлигаш

Фудбалерите на Албасете приредија сензација во Копа дел Реј и го исфрлија ранетиот Реал Мадрид, кој пред само неколку дена го загуби Супер Купот од Барселона. Победничкиот гол за второлигашот падна во 94-та минута за конечни 3:2, а го постигна Хефте Бетанкор, кој беше двоен стрелец на мечот.

Миљан Миљаниќ, учителот на Реал Мадрид испратен во вечноста со „Битола мој роден крај“

Го знаете ли битолчанецот кој му беше ментор на Висенте дел Боске и кој на Сантијаго Бернабеу беше претставен од Сантијаго Бернабеу? Инаку селектор на Југославија во четири наврати, како и добитник на Орден за заслуги од страна на ФИФА.

Сите тренери на Барселона, Реал и Атлетико во последниве 14 години

Интересен приказ со тренерите на трите најголеми шпански екипи од 2011-та до денес. Диего Симеоне е бетон во Мадрид.

Погрешна топка другар

Реал Мадрид го доби Алавес на гости со 1:2. Напаѓачот на домаќините, Лукас Боје го имаше она напријатно искуство со Раул Асенсио, кое секој се обидува да го избегне, посебно кога ќе застане да држи жив ѕид.

Види ги ти Селта поигрување со кралевите

Селта прослави голема победа на Бернабеу после долги години и го турнаа Реал на -4 од Барселона. Ај што им дадоа атрактивни голови, туку и убедлива пас игра им презентираа.