Таг: реал мадрид

Кога Анчелоти ги извести играчите дека добиваат слободен ден

Фудбалерите на Реал Мадрид и се одмаздија на Барса за гостинскиот пораз во првенство и тоа со високи 0:4, а во финалето на Купот ќе играат против Осасуна. Без разлика што веќе во сабота го пречекуваат Виљареал, Карло им даде слободен ден. Пазете им ја реакцијава.

Шева без да тапне на најјаката банда на Реал Мадрид

Екипата е страшна и не случајно врза хет-трик на титули во ЛШ. Ќе се зборува за неа со години. Од момците кои ги нема сега во Мадрид, може да се забележат Роналдо, Марсело, Каземиро и се разбира Зидан.

Реал го понижи Ливерпул со петарда и пресврт, Елмас и другарите го освоија Франкфурт

Тимот на Јирген Клоп игра сезона за заборав. Паралелно со очајните резултати во Премиер лига, каде пркнаа последниве две кола, се соочи со дебакл уште во осминафиналето од ЛШ. Од 2:0 против Реал, пукна срам со пораз од 2:5. Осимен и Ди Лоренцо се изборија за ветувачки резултат на Наполи кој доминираше во Германија со 67% посед на топка и 17:5 во удари. Кварацхелија промаши пенал, Елмас влезе во 80-та.

Лудо полувреме на Енфилд, Винисиус врати со два гола, катастрофална грешка и на Алисон

Ливерпул и Реал Мадрид приредија уживање во првите 45 минути за сите пари. На брзите голови на Нуњез и Салах после 14 минути игра, Винисиус возврати со два комада за 15 минути. По киксот на Куртоа, слична глупост направи и Алисон.

Велемајсторија на Нуњез и голем кикс на Куртоа, Ливерпул има 2:0 по 14 минути

Осминафиналето Ливерпул - Реал Мадрид, како реприза на финалните битки во 2018-та и 2022-ра, стартуваше спектакуларно со многу рано водство на домаќините од 2:0. Тибо Куртоа капитулираше очајно лошо во 4 и 14 минута, прво со Дарвин Нуњез кој му изрежира супер атракција, а потоа против Салах на кој практично му подари гол.

Асенсио го има голот на сезоната за Реал Мадрид

Разликата меѓу Барса и Реал се врати на 5 бода благодарение на Асенсио и Винисиус кои ја решија Валенсија за три минути. Бернабеу уживаше во евроголот на Марко кој испука бомба која никој не ја очекуваше. Голманот не мрдна.

Тимската игра на Реал е убавина за око

Кралевите немаа муниција против Реал Сосиедад и нерешените 0:0 ги оддалечиja на -5 од Барселона. Но мора да им се признае дека низ годиниве наназад, благодарение на задржаниот костур на јаки и искусни играчи, надополнети со млада свежа крв, играат врвен фудбал. Погледнете каков проток на топка имаат.

Играч на Кадиз фати да се загрева после завршувањето на мечот со Реал

Фудбалерот кој веројатно бил дел од резервите, сакал да ги истегне мускулите, па од разгибавање направи шоу.

Реал му даде 6 на Елче, 5 од прекрасни акции, ама 3 му поништија

Актуелниот шампион на Шпанија продолжува со топ формата и со триумфот над Елче на гости 0:3, и бега +6 на Барса која вечерва го пречекува Виљареал. Кралевите везеа и створија преубави акции за головите од кои 3 им беа поништени со ВАР поради офсајд. Златната топка даде 3 од кои само еден му беше признат.

Бензема годинава има фрустрирачка статистика од пенал против голманот на Осасуна

По перфектниот старт од 6 победи по 6 кола во Ла Лига, Реал Мадрид ремизириаше против Осасуна 1:1. Карим Бензема пред себе имаше голман пред кој се блокира од 11 метри.

Фантастични соло мајстории на Родриго и Валверде

Актуелниот шампион на Шпанија има перфектен старт со 5 од 5 во Ла Лига. Синоќа ја декласираа Мајорка со 4:1, а за атракција се погрижија Родриго кој ја изора одбрана како нива, како и Валверде кој ги изненади гостите со трк од своја половина, а потоа ја испали неодбранливо.

Фелш мајсториите на Модриќ се секогаш уметност

Актуелниот европски првак со убедливи 0:3 против Селтик ја почна одбраната на титулата. Маестро Лука Модриќ на 9 септември полни 37 години. Кој би рекол?

Каков жив ѕид користи Реал на тренинг?

Ова уствари не е жив ѕид, ама кралевите користат таква технологија, да тој изгледа на таков.

Алаба мајсторе, слободните во Реал од сега се само твои

Бранителот на титулата во Шпанија се помачи во првото коло од новата сезона на гостувањето против Алмерија. Губеа 1:0 по само 6 минути игра, а Анчелоти почна без Модриќ, Каземиро, Алаба. Им ја свртија во второ, благодарение на евроголот на стоперот на Австрија кој погоди само 28 секунди откако влезе во игра.

Навивачите на Надал и Реал сакаат да си играат со бројки

Во рок од неколку дена, Рафа на Роланд Гарос ја освои титулата број 14, а кралевите стигнаа до 14-та титула во ЛШ. Уредник во весникот АС, кој го води секторот за Реал Мадрид, со проста математика ја пецна Барса за еден многу тежок пораз во ЛШ.

Најјакото уметничко сквернавење на дресот на Реал Мадрид

Дечкото вели дека работел како луд на него и го завршил после 50 часа. Првиот кадар со четката може изгледа језив за секој мадридиста, ама кога ќе го види крајот, во истиот момент ќе сака да го нарача. 20 долари кошта ова ремек дело.

Спортски потег за воодушевување, на Бернабеу имаше двоен шпалир

Реал Мадрид и Бетис ја завршија сезоната во Ла Лига со најдосадниот резултат 0:0, ама одржаа лекција за почит. Вие нас се испочитувавте за Купот, ние ќе ви вратиме за титулата. Ретко убави сцени.

Даваш изјава пред Бернабеу и Реал ја врти

Едно од најсимпатичните видеа после лудачкиот кам бек на Реал Мадрид против Сити. Зошто си отидовте порано од стадион? Со ќерка ми сум и не сакав да биде тажна. Ама сигурен дека ќе ја свртат.

Ново видео со навивачи на Реал кои молат во очај да ги пуштат назад на стадион

Прво се појави видео во кое трчаа како муви без глави, ама ова е далеку појако и појасно за тоа што се случувало надвор после двата брзи гола на Родриго. Не им поминаа оправдувањата што дале 250 евра за карта, а ниту пак на другите со годишни влезници. Цел живот ќе бидат пишман што не останаа до крај, а имаа за гледање продолженија од два пати по 15 минути во кои Бензема стрелаше за финале.

Дрскиот карактер и менталната сила на Реал Мадрид кој со пресврти елиминираше три гиганти во нокаут фазата

Тешко е да се оцени колку вредат ПСЖ и Манчестер Сити и колкава им е моќта во пари, со оглед на тоа што газдите им се арапски милијардери, а Челси е инаку актуелен првак на Европа. Сите овие три екипи, меѓу главните конкуренти за трофејот, ќе се молат догодина да не им падне Реал во ЛШ.

Во Мадрид се славеше како веќе да освоиле ЛШ

Направија пиротехничко шоу, фрлаа столици, стопираа коли. Цел град беше во транс, општо лудило, а врвната компилација ја има погодете кој? Рено Марко.

Ти па го погоди моментот кога да се симнеш на терен

Реал Мадрид приреди драма и пол во реваншот полуфиналето од ЛШ и само што Родриго ги даде двата гола во рок од 90 секунди, вредни продолженија, падобранец со албанско знаме го прекина мечот. 

Цреповите кои предвреме го напуштија Бернабеу

Да, имаше и такви несреќи кои после голот на Марез си заминаа од стадион, па после се шуткаа надвор како муви без глави. Пак да си одите порано.