Како помина спектакуларното Ел Класико во Џеда на кое Реал се соочи со потоп?

Барселона за само 48 минути му сервираше петарда на Реал Мадрид, во финалето од Суперкупот во кое е рекордер со 15 трофеи.

Foto: EPA

Публиката во Џеда, Саудиска Арабија уживаше во мега содржајно дерби меѓу великаните Барселона и Реал Мадрид кое заврши со резултат 5:2.

Резултатот го отвори Мбапе уште во 5 минута и само ги разлути ривалите кои до полувреме одговорија со 4 комада.

Израмни Јамал во 22 минута, Левандовски погоди од пенал во 36-та, Рафиња постигна прекрасен гол со глава во 39-та, а на 1:4 зголеми Балде дури во 10-та минута од судиското продолжение.

Лошо стартуваше вториот дел за Реал Мадрид кој по само 3 минути игра го прими петтиот гол. Sтрелец повторно Рафиња кој беше прогласен за играч на натпреварот.

Најубавиот погодок на средбата го постигна Родриго од слободен удар во 60-та минута, веднаш после црвениот картон на Шчесни.

Барселона го слави Суперкупот број 15 и е рекордер во ова натпреварување во кое победува втор пат во новиот формат. Против Реал славеше и во изданието во 2023-та.

Статистиката покажува дека Барселона на две дербија по ред му дава на Реал по минимум 4 гола, што се нема случено од 63-та. Во 21 век слават четири пати на Ел Класико со најмалку петарда.

За Ханси Флик ова е прв трофеј како тренер на Барса и шести во кариерата. Германскиот стратег нема загубено финале.

Претходно пет пати се радуваше со Баерн Минхен, по еднаш во Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа, Купот, Суперкупот на Германија и Светското клупско првенство. 

Црвениот картон на Шчесни

Рулетот и петицата на Мбапе

Фантастичната одбрана на Ињаки Пења

 
13 јануари 2025 - 09:58