Таг: ел класико

Страшен проектил на Белингем и гол во 92-ра за пресврт на Ел Класико

Реал Мадрид сезонава доби нов херој кој блеска од меч во меч со вкупно 13 гола на првите 13 меча, а има само 20 години. Со ваквите перформанси, Џуд Белингем се наметнува како конкуренција на Мбапе и Халанд на светската сцена. Ја сруши Барса на гости со два комада во вториот дел после водството на каталонците со голот на Гундоган.

Нема што да нè снима камера на клупа, дајте селотејпот

И со камерите се претера. Ги има на секој агол на терен, па дури и на клупата за резерви за време на Ел Класико. На играчите не им беше по ќеиф и се обидуваа да ја покријат. На крај и го најдоа чарето.

„Ако умрам ил загинам“ и „Јовано Јованке“ ечат во Барселона пред Ел Класико

Плус „Слушам кај шумат шумите“ и „Македонско девојче“. Сè знае чие масло е ова, на нашиот Наце Митев, Струмичанецот со сериозно голема километража низ Европа за Барселона, Пандев и Македонија во фудбал и ракомет.

„Ел Класико“ војната која се повтори четири пати во 18 дена

Помина една декада, а како вчера да беше. Што тоа? Незаборавното и неповторливо соочување на Барселона и Реал Мадрид, со Гвардиола и Мурињо, Роналдо и Меси и тоа четири пати во финишот на сезоната. Битка вредна три трофеи. Или си шампион или лузер, трето нема.

Ветераните на Барселона и Реал направија шоу во Тел Авив

Реал Мадрид го доби Ел Класико во Израел, во натпревар на кој паднаа пет гола и каде резултат е во втор план. Спектаклот го гледаа околу 30.000 гледачи на стадионот Блумфилд. Роналдињо даде гол.

Јако друштво во очи на Ел Класико со легенди

Пресов е во очи на големото дерби кое вечерва ќе се игра во Тел Авив, а на кое ќе учествуваат Роналдињо, Ривалдо, Деко, Мендиета, Савиола, Де Бур, Роберто Карлос, Фиго, Касиљас...Инаку е во режија на Барселона која организира егзибициски натпревари за промоција на клубот низ цел свет.

Од кога си отиде Роналдо, Меси нема дадено гол против Реал Мадрид

Најдобриот фудбалер на сите времиња според многумина, Аргентинецот Лионел Меси во својата кариера постигна 26 гола во „Ел Класико“, ама последниот го дал пред речиси три години!

Жестоки нереди на улиците на Барселона, Ел Класико во втор план

Сигурно приметивте дека почетокот на вториот дел од мечот Барселона - Реал Мадрид се одложи на кратко. Во кадарот од преносот не дадоа како стјуардите ги собираа топките кои летаа на терен од трибините во знак на протест.

Некој ќе јаде посни сарми на слава, некој ќе гледа Ел Класико, некој и двете

Во 178 Ла Лига Ел Класико кое се игра од 1929 година, и двата клуба имаат по 72 победи, така што некој вечерва би можел одново да има подобар учинок во меѓусебните дуели.

На денешен ден пред 14 години, Сантијаго Бернабеу му аплаудираше на Роналдињо

Иако Флорентино направи „Галактикос“ со Роналдо (Бразилецот), Зидан, Робињо, Бекам, Раул, Барселона дојде на Бернабеу во уште пострашен состав: Деко, Чави, Меси, Ето, Роналдињо. Кој од кој појезив за чување на теренот. Роналдињо тогаш направи дар-мар, Каталонците глатко славеа 0-3 а илјадници на стадионот во Мадрид стоечки му аплаудираа на големиот мајстор од ривалскиот клуб.

Пике со одговор во студио му даде гол на Реал Мадрид

Капитенот на Барселона и шпански фудбалски репрезентативец Жерар Пике гостувал во едно ток-шоу. Водителот го прашува да биде искрен, колку пати имал секс во последните месец дена. Пике одговара: „Со сè оној на Сантијаго Бернабеу“?

Дуелот Рамос - Меси

Барселона одново, во рок од само четири дена го победи Реал среде Мадрид, овојпат со 0-1 со гол на Ракитиќ. Фудбалерите на Реал повторно се исфрустрираа што не можеа да дадат ниеден гол, па Рамос бесот го истресе врз Меси кој не му остана должен.

Твитот со кој Барса го трола Модриќ

„Оди преку онлајн шопот купи си дрес од Меси, полесно ти е“, постирале админите на Твитерот на Барселона која што со 0:3 го прегази Реал сред Мадрид во полуфинале на шпанскиот Куп.

Дембеле му нарача космодиск на Карвахал, а Винисиус на Пике

Францускиот репрезентативец синоќа 75 минути одигра добар фудбал. Имаше и асистенција за гол, а она што му го направи на Карвахал, сигурно ќе се памети.

Ќе има тешки кавги за даљинското, ова е недела на дербија

Кој вели дека спортска среда не е среда без Лига на шампиони? Ѕирнете што ќе има вечер на програмата и трк по пиво и кикирики, со поголема залиха која ќе ви треба за викендов. Па не можеше да биде појако.

Најинтересни моменти од ел класико Барса - Реал во Купот

20 дена ќе почекаме до реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ кој треба да биде пеколен. Синоќа имаше неколку интересни моменти.

Семедо го прати Рамос по хот дог

Нелсон Семедо и Серхио Рамос во битка за една топка на синоќешното Ел Класико. Во еден момент стоперот на Реал излегува целосно од кадар. Да не беше повторената снимка од друга камера, немаше да дознаеме каде заврши човекот.

Ромарио и Ел Класико на денешен ден

Пред точно 25 години, Барселона му го нанесе еден од најтешките порази на ривалот Реал Мадрид, кој го здроби со 5:0. Хет-трик на тој дуел постигна Ромарио легендата. Погледнете ја оваа игра еден на еден по асистенцијата на Гвардиола. Просто и едноставно, со еден потег го исфрли од игра кутриот чувар.

Од таму шутирај колку сакаш на Ел Класико

Кошаркарите на Реал Мадрид и направија потоп на Барса која ја совладаа со 27 поени разлика. Потегот на мечот го имаше Факундо Кампацо кој даде кош од паркинг, а нашите монтажери не губеа многу време. 

Испраќање на Бока за Мадрид како да е Нова година

Има уште пет дена до реванш финалето од Копа Либертадорес, ќе го играат на 10.000 км од Буенос Аирес, ама тоа е никаква причина за навивачите на Бока Јуниорс да не ги испратат своите миленици како да се веќе победници. Огномет за испраќање, па кај го има ова на друго место?

Излезе аудио снимка од ВАР комуникацијата меѓу судиите на Барса - Реал

Техничкиот комитет на шпанските фубалски судии објавил како главниот судија на Ел Класико Хозе Марија Санчез Мартинез комуницирал со колегите за време на епизодата со пеналот на Варан над Луис Суарез.

Малку се фудбалските богови на кои им аплаудирал „Сантијаго Бернабеу“

На 19 ноември 2005 година се случи нешто незамисливо на стадионот во Мадрид: Навивачите на Реал станаа на нозе и долго му аплаудираа на Бразилецот кој ги изрезили нивните миленици, даде два гола и направи самба шоу.

Иживувањето на Барса против Реал од навивачки агол

Нема послатко од тоа клубот против вечниот ривал да ти води убедливо и истовремено да го работи како сака и колку сака. А ти си гледаш, си снимаш и се ситиш, па уште го фаќаш на мобилен и голот за 5:1. Кој знае колку им е убаво кога го прават ова.

Хајлајтсот од Ел Класико го има на Порнхаб

Го загубиш ли големото дерби меѓу Барса и Реал, па уште и со петарда, тоа значи дека си на тапет цела недела. На Реал Мадрид кој остана без тренер по дебаклот на Камп Ноу, душа му вадат веќе втор ден.