Спектакл кој ќе се памети, Барселона го растури Реал по четврти пат сезонава

Барселона сезонава е празник за очи. После двете екстра луди полуфинања во ЛШ со Интер кои ги одигра 3:3 и 4:3, одигра неверојатно Ел Класико на кое победи со 4:3. Бадијала хет-трикот на Мбапе. Рафиња и Јамал везат. Разликата сега е 7 бода.

Тимот на Ханси Флик испиша уникатна историја. Ги доби сите 4 пресметки со Реал Мадрид и стана прва екипа со 4 од 4 на Ел Класико дуелите во една сезона.

Победата ја оствари на целосно лудачки натпревар, кој не се раскажува и не се пропушташе, посебно првото полувреме кое беше ненормално.

Кралевите отворија одлично со двата гола на Мбапе до 14 минута. Барселона одговори како никој до сега на едно дерби. Даде дури 4 комада до паузата. Стрелци Гарсија, Јамал и два пати Рафиња.

Во вториот дел падна уште еден гол, оној на Мбапе кој запиша хет-трик, но без никаква важност, бидејќи Реал го загуби ова Ел Класико со 4:3 и се оддалечи од титулата на -7 на 3 кола до крајот.

Покрај головите, мечот беше доста богат со многу шанси на двете страни, јаки одбрани, промашени зицери, поништени голови со ВАР. Ова беше Ел Класико кое ќе се памети.

11 мај 2025 - 18:13