На 6 мај 2018-та година Лео Меси го постигнал последниот погодок против најголемиот ривал на Барселона. На „Камп Ноу“ тогаш дербито заврши 2-2 а Меси го постигна вториот гол за Каталонците (Роналдо и Бејл стрелаа за Реал).
Таа сезона Барса ја освои двојната круна, ги освои највредните пехари во Шпанија под водство на Ернесто Валверде. Таа сезона за последен пат во Ла Лига играше Кристијано Роналдо пред да замине во Италија.
Саботното „Ел класико“ кое Реал го доби со 2:1 уште повеќе ја разгоре битката за титулата во Ла Лига, а донесе и некои нови моменти за историја: пример Барселона го изгуби и третото дерби со Реал по ред а тоа последен пат се случило во 1977/1978.
Лео Меси никогаш досега во кариерата немал таква суша против Реал како последниве неколку години. Аргентинецот во саботата го одигра и седмото „Ел Класико“ без постигнат гол што никогаш не му се случило.
На сите тие 7 меча по ред без даден гол против Реал, Барса победи 2 пати, ремизираше 2 пати и ги изгуби последните 3.
Интересно овој голгетерски пост на Меси против „кралскиот клуб“ се поистоветува со заминувањето на Роналдо од Реал Мадрид, а Каталонците во „Ел Класико“ криза западнаа откако замина тренерот Валверде. Ернесто претходно повеќе од 2 сезони немаше ниеден пораз од Реал а стратезите кои дојдоа после него, Кике Сетиен и Роналд Куман ги изгубија сите 3 дерби дуели со Реал.