Статии за жени што треба да престанат да сe пишуваат

Најголемиот дел од женските списанија се преполни со статии од типот "10 начини како..." или "10 правила како..." кои во суштина важат и за мажи и за жени, и изгледа навредливо кога тие им се посветени само на понежниот пол, кој ете и понатаму треба да се бори да ги стигне мажите.

Жени светот е опасен за вас

Форбс ги собра бројките за градовите кои се најопасни за жени и "победникот" е Сагинав, Мичиген. Не дека треба да се омаловажи работата која е вложена во веста, но што треба жена да прави со таа информација? Ок е да се привлече внимание на проблемот што го има овој град, но треба да се зборува и за што сè се прави или што треба да се направи за тоа да се реши. Завршувајќи ја веста со "нападите стануваат по насилни," го претвора делото само во уште еден текст за застрашување на жените.

 

Како да бидеш добра мајка И сопруга И вработена И супермодел (или, Може да имаш сè!)

Ова е една од оние Супержена статии, кои ги има насекаде. Првиот проблем е што таа ги погрева сите несигурности што една жена ги има за тоа која е нејзината улога и ако не може "да има се" дали воопшто ја бива? Дали тогаш таа е неуспех? Вториот проблем е што никоја не може да биде Супержена. И не можеш сè да имаш. Никој не може. Затоа го имаме зборот "компромис," збор кој сосема неверојатно и мажите го разбираат. Мора да направиш избор и освен ако Вондер Воман не ја напишала статијата, нема зошто да ја читаш.

 

Не можеш да имаш сè, затоа што домаќинките се подобри.

Или жените од кариера се подобри. Или што и да си ти е подобро. Во ред е ако мислиш дека твојот избор е подобар (ама задржи го за себе), нема потреба да пишуваш за тоа. Ти да бидеш ти, е она на што треба да се сведе женската еманципација, а не "јас сум подобра од тебе" или која било друга жена. "Бизнис жената" и "домаќинката" денес доаѓаат во различни форми, и многу од нивните "сенки" се преклопуваат. Смешно е да претпоставуваш дека мора да бидеш или едното или другото и тоа да го правиш перфектно во твојата престилка или во Мерцедес С-класа. Не можеш да бидеш Супержена, ама можеш да бидеш мајка и да имаш кариера, или некоја друга комбинација. Повторно со тој зборот - компромис.

 

Како да бидеш одлична тнр. како да го усреќиш твојот маж во кревет

Космополитен веројатно тука е првообвинетиот, ама има и други. Да го игнорираме фактот дека има толку многу статии на оваа тема, што можеме да живееме вечно и никогаш сите да не ги прочитаме (иако, на крај сите истото го кажуваат), прашањето е дали до сега требаше да се помрднеме од очекувањата дека жените треба да ги "услужат" мажите а мажите да останат пасивни приматели на таква услуга? Овие текстови исто така претпоставуваат дека сите мажи се исти, што до некаде е навредливо и за нив. Зошто наместо тоа, не напишат "Како да зборуваш со твојот маж за секс?" или "Како да зборуваш каков секс сакаш да имате?" Лекции за комуникација и откривање што двајцата сакаат во заедничка активност, всушност е корисно... дополнување на старите стереотипи за машко - женските односи, не е.

 

Како оваа жена е подобра од тебе

Не ти требаат листи од 50 најзгодни жени, Топ 99 жени, 20 жени кои имаат сè, најубавите луѓе кои се... Прво, речиси сите овие статии се за колку тие се "згодни," и можеби проблемот би бил решен кога листите би биле за тоа колку тие се интелигентни или забавни или најдобри во што и да е. Исто така, овие статии нè тераат да почнеме со прашањата за целата листа: Дали ова се стварно 50-те најубави жени? Во цел свет? Од сите, ова се баш 50-те најубави? Како ги одбравте?

 

Како инстантно да симнеш 5 кила

Ова е само маркетинг. Мора ли сите да влезат во калапот дека секоја жена сака да биде 5 кила послаба, без да се потруди да направи нешто сериозно од што би ослабела? Ако веќе сакаш ова да го правиш, тргни по друг пат, дај избор на алишта за различни типови на тело. Немој од старт да тргаш со ставот дека нејзиното тело веќе има мана.

 

Како да се промениш себе си, за да излегуваш со човекот со кој мислиш дека сакаш да излегуваш

Советите од овој тип - како да фатиш дечко брокер, кои предлагаат дека треба да го шармираш зборувајќи за себе, раскажувајќи кратки стории кои тој ќе ги запамети, навикнување на недостигот на романтика - всушност се збунувачки и за мажите и за жените. Биди тоа што си. Она што ќе следува е она што треба да биде. Освен ако не си социопат, во тој случај може да се повлечеш од наоѓање некој. За добро на сите.

 

Како "да го натераш" да направи нешто

Без разлика дали да те ожени, или да си ги собира чорапите, или да биде комплетно друга личност, треба да имаш во предвид дека ти никого нема да промениш, не суштински, ниту пак ти сакаш другиот тебе да те промени. Ова е вежба на залудност, ова не вреди ниту хартијата на која е отпечатено, дури ни ХТМЛ-от на интернет. Овие статии поставуваат лоши преседани за тоа како мажите мислат за жените или уште полошо што жените мислат за себе.

2 мај 2012 - 13:43