- Некогашниот македонски репрезентативец и фудбалер на повеќе клубови, Дени Масев кој до скоро беше спортски директор на репрезентацијата е осуден на четири години затворска казна во случајот за дрога каде прв осомничен е Раде Трајковски - Штекли.
- Масев синоќа со уште тројца од криминалната група на Штекли бил изнесен на суд, ја признал вината и изречена му е пресуда од 4 години затвор.
- Некогашниот одбранбен фудбалер бил член на организираната група во која секој имал прецизна улога, од набавка до продажба на кокаин и марихуана. Дрогата се чувала во изнајмени станови а се продавала од 4.500 до 5.000 денари за грам кокаин и од 200 до 300 денари за грам марихуана.
- Масев до скоро работеше во ФФМ од каде му врачија моментален отказ. Роден е во Струмица во 1983-та. Играше за Беласица, Рад, Вардар, Металург Запорожје, Работнички, Хоризонт Турново, Анагениси Кардица.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.