
Со компјутерско моделирање било следено оддалечувањето на природата од секојдневниот живот на луѓето во текот на 220 години. Мајлс Ричардсон, професор по поврзаност со природата на Универзитетот во Дерби, анализирал податоци за урбанизацијата и губењето на дивиот свет во населбите, но и за образованието и воспитувањето на децата за природата.
Со споредба на книги од 1800 до 2020 година, било утврдено дека се изгубиле 52,4% од зборовите за природни поими. Максимумот бил достигнат во 1990 година, кога се користеле 60,6% помалку зборови отколку пред два века.
Моделирањето предвидува континуирано исчезнување на искуството, при што идните генерации ќе продолжат да ја губат свеста за природата, која ја нема во урбаните средини.
Други студии покажале дека родителската поврзаност со природата е најсилниот предиктор за тоа дали детето ќе се зближи со природата.
Поврзаноста со природата сега е прифатена како една од клучните причини за еколошката криза. Таа е од витално значење и за нашето сопствено ментално здравје. Ги обединува луѓето и благосостојбата на природата, забележува Ричардсон.
Во време кога зазеленување на 30% од урбаните површини во градовите се чини како радикална интервенција, проекциите укажуваат дека зеленилото мора да се зголеми десет пати, за да ѝ се врати човекот на природата.
Паралелно мора да се засилат и програмите за воспитување на децата во склад со природата, и во семејствата и во градинките. Ако се постигне тоа во следните 25 години, се проценува дека поврзаноста на човекот и природата би била самоодржлива.
Една студија покажа дека луѓето во Шефилд во просек поминуваат само 4 минути и 36 секунди во природа секој ден. Зголемете го тоа десет пати и луѓето би поминале 45 минути надвор. Тоа можеби ќе биде доволно, препорачува Ричардсон.