Канадскиот пијанист Глен Херберт Гулд беше еден од најдобрите пијанисти на 20-от век. Особено познат по способноста со својата неверојатна техника и страст да ја долови полифоничната структура на делата на Јохан Себастијан Бах.
Една стара и ретка снимка фино го доловува овој однос на Гулд кон музиката што ја свири. Хм'кањето додека музицира е негова неизбежна карактеристика која правела големи проблеми при снимањето плочи. А навиката е од мајка му, која го терала секогаш да го пее тоа што го свири.
Инаку, бил тотално мучишав и терсене човек. Секогаш му било ладно, се плашел од физички контакти со луѓе, пијаното морало да биде на точно посакуваната висина, свирел седнат единствено на столицата од татко му. Студиски техничар еднаш го тапнал по рамо, овој сакал да го тужи за трајни повреди. Се сомневаа и дека има некоја форма на аутизам.
Малку подолго уживање со него и Бах:
Само два дена по пресвртниот 50-ти роденден кога сакаше комплетно да го смени својот живот, го фаќа главоболка, се парализира и неколку дена подоцна починува од откажување на работата на мозокот.
Или можеби тоа сепак било срцето.