Сте ја слушнале ли химната на СОНК?

Помалоумно нешто одамна не сте чуле.

Образование.

Наука.

Култура.

Области околу кои последно време овде се кршат сериозни дебати. Вработените во овие области имаат синдикат кој се вика СОНК.  А СОНК има нова химна. Замислете го тој дел од кремот на ова општество (луѓето задолжени за овдешното образование, наука и култура) како синдикално сложно ја пеат оваа можеби полу-шегобијна ама затоа комплетно ретардирана корачница:

Во сите времиња, зад секоја бура,
зад нас стои синдикат
за образование, наука и култура (X2)

Во сите преговори, во сите договори,
во село и во град,
СОНК е моја заштита
мојот синдикат.

Реф:
Ние сме секогаш заедно,
одиме со крената глава,
СОНК се бори! Се ќе стори!
За нашите права.
Бидете со нас! А не за нас!

СОНК е клетва и заклетва (?!)

И под притисоци и громови чести,
решаваме проблеми,
со преговори или штрајкови
и протести.

Реф:
Ние сме секогаш заедно
одиме со крената глава,
СОНК се бори! Се ќе стори!
За нашите права.
Бидете со нас! А не за нас!

СОНК е клетва и заклетва (?!)

Бидејќи знаеме дека на некои нема да им се верува, повелете ја химната во нејзината комплетна верзија:

Повелете и линк до СОНК (кои можеби треба да ја разгледаат идејата да се преименуваат во Сериозно Оштетени и Наглуви Клипани). Ако луѓето од македонското образование, наука и култура успеваат да се сплотат зад оваа песна и ако баш таа им ги сумира нивните капацитети и стремежи, тогаш деца, напуштајте го бродот.

We are SONKing....

15 јануари 2015 - 15:24