Имено, четири училишта во скопската општина Чаир во петокот осамнаа со нови табли со албански имиња. Станува збор за основните училишта „Рајко Жинзифов", „Цветан Димов", „Јане Сандански" и „Никола Вапцаров" кои беа заменети со „Исмаил Ќемали", „Хасан Приштина" „Јашар-бег" и „Имри Елези". Одговорните во општината на медиумите им изјавија дека ја преземаат одговорноста за оваа одлука. Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, молчеше за случајот, а министерот за образование и наука Панче Kралев изјави дека оваа одлука е незаконска.
Веднаш по ова високи претставници од двете партии, со посредништво на неколку високи фигури од странските амбасади, седнаа за иста маса и под силен притисок и на меѓународниот фактор, но и на опасноста да се загуби власта, почнаа преговори со цел изнаоѓање компромис. Од извори блиски до партиите дознаваме дека преговорите биле тешки и жолчни, но соочени со опасностите од целосен распад на коалицијата и со силно поттурнување од странскиот фактор, кој инсистирал на рационално компромисно решение, постигнат е договор кој ќе ги задоволи двете страни.
Портпаролите на двете партии во заедничка изјава за медиумите изјавија:
„По една година од актуелизирањето на ова прашање со задоволство можеме да ја информираме јавноста и граѓаните дека низ дијалог и разумен приод кон несогласувањата, успеавме да изнајдеме разумен компромис кој ќе ги задоволи двете инволвирани страни. Имено се согласивме четирите училишта, во духот на меѓуетничката соработка, разбирање, како и во духот на рамковниот договор, од оваа школска година да се викаат „Рајко Ќемаили", „Цветан Приштина", „Јане Бег" и „Никола Елези". Изработката на новите табли за овие училишта ќе биде завршена во најкус можен рок".
Претставниците од двете партии не сакаа да одговараат на новинарските прашања и најавија повторна средба со медиумите следната недела на почетокот од учебната година.
* ЕКСКЛУЗИВНО за на интернет: Sead93