Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Локалните избори се на 19 октомври

9 август 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Претседателот на Собранието, Африм Гаши ги распиша локалните избори во Македонија, на кои ќе се избираат градоначалници и членови на советите во сите 80 општини и во Градот Скопје.

  • Првиот круг е закажан за 19 октомври 2025 година, а вториот круг ќе се одржи на 2 ноември. Кампањата официјално ќе започне 20 дена пред првиот круг.

  • Според Изборниот законик, за градоначалник е избран кандидатот кој ќе добие мнозинство гласови, под услов да излезат најмалку една третина од запишаните избирачи. Доколку ниту еден кандидат не го исполни овој услов, ќе се одржи втор круг меѓу двајцата кандидати со најмногу гласови. Во првиот круг ќе се избираат и новите состави на општинските совети.

  • Нека победи оној кој помалку лаже.

извор

Бугарија ќе ја „администрира“ рафинеријата на Лукоил

8 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Бугарското Национално собрание по итна постапка усвои закон што на државата ѝ овозможува да преземе директна контрола врз рафинеријата на руската компанија Лукоил во Бургас.
  • Цел на Законот е да се обезбеди работење на најголемата рафинерија на Балканот откако Лукоил поради санкции од САД беше принуден да го продаде својот имот во странство.
  • Владата ќе назначи специјален администратор, кој ќе управува со компанијата ако се оцени дека постои ризик по националната или енергетската безбедност на земјата. Бугарската влада тврди дека ова не е национализација, туку „заштитна мерка што ќе се активира само ако работењето на рафинеријата биде загрозено“.
  • Администраторот ќе има право да гласа во името на акционерите, да управува со средствата и, ако е потребно, да предложи продажба или преструктурирање на делови од компанијата.
  • Рафинеријата во Бургас обезбедува најголем дел од горивата за бугарскиот пазар и овозможува извоз во соседните земји. 
извор

Турција објави налог за апсење на Нетанјаху

8 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Турција објави налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и високи функционери во неговата влада. Ги обвинува за геноцид против Палестинците во Газа и злосторства против човештвото.
  • На списокот се 37 израелски функционери, вклучувајќи ги министерот за одбрана Израел Кац, министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир и началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили Ејал Замир.
  • Во соопштението на Анкара се спомнува и инцидентот од март годинава, кога беше гранатирана „Болницата за пријателство“, изградена од Турција во Појасот Газа. Израелските одбранбени сили во тоа време соопштија дека објектот го користеле оперативци на Хамас и дека „не бил користен како активна болница повеќе од една година“.
  • Отфрлајќи ги обвиненијата, израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар ги нарече „најновата пи-ар акција на тиранинот Ердоган“.
  • „Налозите за апсење на високи израелски функционери јасно објаснуваат зошто Турција не треба да биде присутна во Појасот Газа - директно или индиректно“, порача поранешниот министер за надворешни работи Авигдор Либерман. Турција сака да биде дел од меѓународните сили за стабилизација од планот на Доналд Трамп за повоена Газа.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

„Жолтата подморница“ влегува во Македонија

Фудбал
2

Сте виделе како оди брат му на Јокиќ?

Разно
3

Талески: Не разговарам со Кузмановски, а Лазаров не би го поздравил на улица

Ракомет
4

Видете го планот на ЕУ за брзи пруги и сè ќе ви стане јасно

Онака
5

Почина Џејмс Вотсон - генијот што ја дешифрираше ДНК, но не и сопствените заблуди

Bookbox
6

Бугарија ќе ја „администрира“ рафинеријата на Лукоил

7

Вештачката интелигенција е новата работничка класа

Технологија
8

Чипови во шприц сами наоѓаат пат до мозокот

Здравје
1

Бугарија ќе ја „администрира“ рафинеријата на Лукоил

2

Вештачката интелигенција е новата работничка класа

Технологија
3

Чипови во шприц сами наоѓаат пат до мозокот

Здравје
4

И Израел има свои тунели за заробеници

Свет
5

Турција објави налог за апсење на Нетанјаху

6

Кина на ториумски погон

Технологија
7

Кина крие црвено копче во зелените градски автобуси за Европа

Свет
8

Европското технолошко чудо Естонија

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Песна за липата и чајот

Македонштина

Македонскиот Никола Тесла

Македонштина

Идната госпоѓа Миа Јангелова

Македонштина

Постојат прекрасни идиоти

Балканштина

Рецензија за ракија

Балканштина

Швалери од бекстејџ

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Заштедете на струја - купете си книги!

Фонд за здравство - камај!

Менувам претседател за боксер

Ѓаволот се крие во запирките

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy