„Она што го гледам, всушност, се жени кои се понекогаш моќни, а понекогаш не, понекогаш секси, понекогаш не, понекогаш за почит, понекогаш не. Она што мислам дека е ново, е богатството на улоги, на телевизија и на филм, кои се однесуваат на реални жени".
Меги Гиленхаал, земјаќи Златен глобус за улогата во "The Honorable Woman"
Доделувањето на последните Златни глобуси имаше нагласена феминистичка жичка. Но во голем дел од номинираните и наградените филмови женските ликови се важни и интересни не затоа што се силни, морални и перфектни во сè што прават (патем и секси за да бидат пријатни за дружење). Ако вистинската родова рамноправност во фикцијата го подразбира правото да се биде длабоко несовршен, а сепак да се биде сакан, тогаш победниците на овогодинешните Златни глобуси сигнализираат нова ера.
Пример - Мојра Феферман, главниот лик во „Транспарентно" (играна од Џефри Тамбор) е мила жена и фасцинантен карактер не затоа што е апсолутно сигурна во својот идентитет, или затоа што се обидува да ги анулира анти-трансродовите чувства со лукава и ефикасна компетенција слична на онаа на Лиам Нисон. Она што плени се нејзините стравови, експериментите во изразувањето на нејзината женственост и обидите да се вклопи во семејството.
Патриша Аркет во „Момчештво" опишана како „потценета самохрана мајка" е моќна личност заради начинот на кој излегува на крај со изборите кои излегуваат на лошо. Одлучна е во желбата да се образува и покрај обврските кон децата. И покрај тоа што паралелно се обидува да ја одржи стабилноста на семејството, и не успева во тоа, таа не се колеба да почне од ново, и повторно да се изложи на ризик.
Интересни женски ликови се и оние од „Рапунзел" и „Заспаната убавица", од „Девицата Џејн", како и од „Чесната жена" во која Меги Гиленхал промовира мир помеѓу Израелците и Палестинците на начин кој може да се оцени како донкихотовски. На сите спомнати женски ликови им е овозможено да се ослободат од клишеата, и да бидат реални личности. Со тоа и нам ни е овозможено да ја следиме нивната борба без да бидеме приморани да ги осудуваме, или со сила да сочувствуваме.