- Полскиот министер за одбрана обвини руски разузнавачки служби за саботажите на железничките пруги од Варшава кон Украина, за време на викендот.
- Поради разнесувањето на дел од шините, во прекин е железничкиот сообраќај од Варшава кон Лублин на исток. По оваа пруга се транспортира оружјето и муницијата што европските сојузници ѝ го испраќаат на Украина.
- „Сите траги водат кон исток, кон Русија“, изјави министерот Владислав Косинијак-Камиш. Тој додаде дека на место каде што биле разнесени шините бил пронајден уред што ја снимал ситуацијата и експлозијата.
- Обвинителството го води случаите како „акти на саботажа или тероризам“ и смета дека се извршени „по наредба од странски разузнавачки служби.
- Варшава во септември ја обвини Русија дека го истрелала проектилот што погоди куќа во Полска и го оцени како „прв директен напад врз членка на НАТО“. Истрагата покажа дека ракетата всушност била истрелана по грешка од борбен авион на НАТО.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.