Медиумите пренесоа дека во географски неодреден напад со смртоносни дронови, во декември бил убиен Саид ал Шахри, човекот број два во командниот ланец на Ал Каеда.
Ал Шахри е сериозен терорист. По нападите во Њујорк, уапсен е во Авганистан и префрлен во Гвантанамо, каде гули робија цели 6 години. Потоа е префрлен во рехабилитационен центар во Саудиска Арабија, темелен на уверување дека лутите момци можат да се социјализираат ако својот гнев го истурат на хартија.
Не баш. Брзо откако ја завршува оваа цртачко –поетски програма, Ал Шахри се поврзува со големи терористички операции изведени во јужен Јемен.
За првпат е објавено дека е убиен со воздушен напад на Божиќ 2009-та. Во 2010-та, официјален Јемен тврди дека ал Шахри е уапсен за една година подоцна да каже дека тој всушност настрадал во напад на американски дрон, заедно со уште шестмина терористи.
Година дена подоцна, ДНК анализите покажуваат дека тој не бил меѓу ликвидираните.
Ваквата конфузија донекаде е разбирлива. Дроновите не враќаат извештај кого всушност убиле, луѓе не терен баш и нема па медиумите честопати ги правдаат своите тврдења со информации од "семејни кругови" што е прилично лабав и неверодостоен извор.