Таг: дронови

Вештачката интелигенција добива дозвола за убиство?

Американската армија полека се движи кон дозволување на ВИ оружјата сами да одлучуваат да убијат човек или не, а први во тоа би најверојатно ќе бидат дроновите контролирани од вештачка интелигенција.

Руските дронови полни со европски делови

Киев испратил документ од 47 страници до земјите членки на Г7 во кој се тврди дека во изминатите три месеци се извршени над 600 напади само врз украинските градови со помош на дронови кои во себе имаат западна технологија.

Руски трговски центри се претвораат во фабрики за дронови

Трговски центар во нешто што се нарекува Централна Русија, во градот Ижевск, ќе биде третиот таков објект во земјата што изминатава година е пренаменет во фабрика за дронови.

Авиончињата од хартија не се (само) играчка

Со векови, хартиените летала биле начин да се истражува науката на летањето. Сега тие можат да го инспирираат понатамошниот развој на технологијата на дроновите.

Научниците прават дронови од препарирани птици

Иако на прва звучни необично, препарираните тела на птиците се користат за набљудување на живиот свет на помалку инвазивен начин. Јасно е додуша дека и на војската и на разузнавачите им одговараат дронови кои не личат на машини, но засега е рано да се размислува за можните (зло)употреби. 

Кина и Русија си зборуваат за камикази дронови

Пекинг и Москва моментално преговараат околу купување на 100 ударни дронови кои би можеле да и бидат испорачани на Русија веќе во април, пишува германски Шпигел.

Киев добил понуда да купи воени дронови за 1 долар

Додека другата опрема стигне во Украина американски производител на воени дронови му понудил на Киев да му продаде два Рипер МКу-9 дронови по цена од 1 долар.

Војна на дронови

Белата куќа е згрозена од новата тактика на Русија со евтини дронови да ја деградира инфраструктурата на Украина и нејзините енергетски капацитети. Се чинат изненадени од ова сценарио, иако на сите им е јасно дека тој филм одамна имаше премиери во Белград и Ирак. 

Ред се реди за ирански дронови

Највисоки ирански воени извори споделуваат (и се фалат) дека 22 држави од целиот свет веќе имаат испратено барање до нив за купување на ирански воени дронови. Меѓу нив и некои наши комшии.

Иднината носи дронови што носат терминатори?

Прв стадиум: роботи кучиња. Втор стадиум: роботи кучиња со оружје. Трет стадиум: роботи кучиња со оружје пренесувани со дрон. Четврт: ?

Иранските дронови се евтини, ги има и ѝ вршат работа на Русија

Деновиве војната повторно стигна до Одеса, стотици километри оддалечена од фронтот, и тоа не благодарејќи на најразличните руски ракетни системи, туку на увезените ирански камикази дронови.

33-грамскиот микро-дрон од 12.000 евра што ќе и биде испорачан на Украина

Од вооружување дронот има само камера, која во живо ја пренесува снимката. Должината му е неполни 17 сантиметри и сето тоа спакувано во 33 грама. Дронот, со таа тежина и батерија, има домет од речиси 2 километра, може да лета 25 минути а максималната брзина е 17,7 километри на час.

Ал-Завахири искасапен со ножеви од дрон

Лидерот на Ал Каеда не бил убиен со експлозија од проектил, туку бил распарчен од сечила на „летечки Гинсу“ проектил на балконот од неговата резиденција во Кабул.

Американските дронови нема многу да се налетаат над Украина

Официјална Москва не ни стигна да распали со стандардните закани за уништување на секое парче американска воена помош, а Украина и САД речиси едногласно се сложија околу бесцелноста на испраќање американски дронови на боиштето во Украина, со објаснување „па не ти е ова Авганистан.“

ДЈИ има нов мега-супер-добар дрон

Дронот има цел список набилдани технички капацитети (2 камери, 8К, 4К...) кои се сумирани во една многу важна цифра од 10 илјади долари за основниот модел М30 (М30Т чини 14 илјади долари).

Дронот што го собори Иран е шпионски ѕвер од 220 милиони долари

Во моменталното разбирање на концептот на глобални правдини, САД со дронови, воени бродови и авијација пред врата на Иран, се чувствува загрозен од Иран (тек па ирански воени бродови да беа во близина на Калифорнија на пример). По толку време дремење на американската армада во Ормускиот проток, вчера еден од воените дронови на САД заврши на иранска територија (барем според иранската верзија).

Манекенки на денот

Имаш модна ревија на фустани и имаш држава со ултрастроги закони правила за тоа како и што може жена да носи пред народ. Решение? Дронови! Како тоа? Саудиска Арабија знае како.

„Кралот на трутовите“: откриен нов расказ на Вонегат

Во 1950 Курт Вонегат напишал краток расказ кој никогаш не бил објавен. Повеќе од 60 години подоцна, уредници на нова збирка од негови дела го откриваат копајќи по стари документи. Неговиот наслов - „Кралот на трутовите“.

Ден на дронот

Како замена за легии административци што од нивната неонска со ламинат поплочена природна средина ќе ги вадиш на воздух и дневна светлина, американски старт-ап нуди флота дронови кои имаат капацитет да засадат 100.000 дрвја на ден.