Се работи за специјален тип на Хелфајр проектил, службено познат како Р9Икс, кој пред контакт со метата испушта шест долги сечива кои ја касапат жртвата на парчиња.
Сечилата се движат со брзина од 1.000 милји на час и можат да пресечат бетон и челик. Бидејќи Ал-Завахири бил начекан на балкон, немале никаква пречка меѓу сечилата и лидерот на Ал Каеда.
Инаку станува збор за посебен вид на Хелфајр проектилите кои се користат за прецизно таргетирани напади. Постоењето на овие проектили се прв пат беше пријавено од Вол стрит журнал во 2019. Тогаш, функционер на Пентагон објасни за Журнал дека за метата ударот е ист како да била погодена со наковална со голема брзина.
Самото тоа што е неексплозивно оружје, значи дека на Р9Икс му е потребно невообичаено многу прецизни податоци за метата. Во случајот со Ал-Завахири ЦИА ги има овие податоци бидејќи со месеци го следи како живее во резиденција во најбогатата населба во Кабул во која претходно беа лоцирани бројни западни амбасади.
ЦИА наводно го открива Ал-Завахири следејќи ги членовите на неговото семејство кои се вселиле во истата резиденција во Кабул. Откако го откриваат, аналитичарите на ЦИА детално го каталогизираат неговиот „шаблон на живеење“, кој вклучува и „уживање на балконот во повеќе наврати на подолги временски периоди.“
Во планот за Ал-Завахири кој му бил даден на Бајден, немало опција за негово заробување.