А мислевме само ние сме лузери

Прецизниот и длабоко снеможувачки есап од ретроспeктивната колумна „Saturday Bloody Saturday“ на Борис Дежуловиќ си го посветуваме себеси и на сите познати и непознати лузери кои „беа во тек“ и дозволија животот да им го изедат вестите на кои „не можеме да им се изначудиме“.

„Беше тоа сабота, 17 јуни 1989 година. И денеска со нежност се сеќавам на онаа дамнешна вечер кога имавме 24 години и кога ни беше пун курац од Хрвати, Срби, Партијата, Торцида, фратри, верски слободи, човекови права, стопански реформи и канадски усташи: дамнешната сабота кога за Ирска, сиромаштијата и корумпираната влада говореше Боно Вокс, а зборот „благосостојба“ беше заебанција од ученичка книга на дежурства во едно сплитско основно школо. Како бевме млади и глупи. Мислевме дека животот е рокенрол, касета со песни од три минути, и немавме појма дека остатокот од животот ќе си го дркаме својот пун курац. 

Денеска е 17 јуни 2019, имам 54, а ХДЗ во салата Лисински прослави 30 годишнина од она историско основачко собрание на Јарун. Предраг за тие округли партиски јубилеи би рекол „до 45-та и назад“. За пет-шест години ќе можам во предвремена старосна пензија: целиот мој работен век го изедоа Хрвати, Срби, Партијата, Торцида и фратри, верски слободи, човекови права, стопански реформи и кандаски усташи. Најзалудно потрошените 30 години во историјата. „Не ми се верува во вестиве денес... колку долго мораме да ја пееме оваа песна?“

Бар онаа сабота поштено да се напиевме и да се качевме на она дрво покрај болницата па овие триесет години да ги поминевме во густата крошна високо над патот, подобро ќе го потрошев животот“. 

Борис Дежуловиќ

************

25 јуни 2019 - 10:16