Американското Јавно Радио (NPR) порача дека укинувањето на можноста за коментирање не значи дека не го ценат ангажманот на читателите и нивниот придонес кон содржините, темите кои ги покриваат и квалитетот на новинарскиот труд. Туку дека само сакаат да го канализираат онаму каде што му личи: на социјалните мрежи.
А бројките околу коментирањата им се огромни: во јули годинава имале дури 491.000 коментари. Но, кога таа бројка ќе се транжира, се добиваат интересни пресеци:
- Сите тие речиси половина милион коментари дошле од вкупно 19.400 коментатори. Тоа е само 0,6% од нивниот вкупен број читатели кои истиот месец изнесувале 33 милиони.
- Во вкупниот број коментатори постои група од 4.300 коментатори кои оставиле по околу 145 коментари. А тоа се 67% од вкупниот број коментари.
- Над половина од коментарите во мај, јуни и јули дошле од само 2.600 корисници на таа опција.
Логично, луѓето од НПР заклучиле дека нивниот систем за коментирање - чии трошоци за техничко одрржување и модерирање се зголемуваат колку што се зголемува нивниот број - всушност му служи на незначителен сегмент од нивната општа публика.
Има и поинакви примери. Њујорк Тајмс успева својот дел од коментарите да го зачува релативно цивилизиран но тоа го прави со помош на армија модератори кои чинат повеќе отколку што НПР може да си дозволи. А Тајмс пак остава отворени само околу 10% од своите содржини а коментарите ги остава живи само две недели по што ги брише.
Кај нас на сајт отворен за коментирање е само тн. user generated content (писма на читатели, македонштини...), односно оние содржини за кои придонеле самите читатели на сајтот, преку меил, фб, твитер, смс, гулаб и други начини. Њима хвала. А да оставиме малигни идиоти да се серат на наш труд на наш сајт, кај го има тоа. Можат на Фејсбук кај што и онака ретко ги читаме, а таму и полесно се банираат.