Таг: онлајн дебата

Во осамениот свет на троловите

Норвежанец ја добил истата желба што понекогаш и нам ни доаѓа, да ги најдеме и лично да ги запознаеме оние ликови што трујат по коментари со својата злоба, незнаење и неуморна глупост. Што луѓе се тие, мечка ли ги растела, од која пештера се симнале на Фејсбук.... такви, елементарни прашања да им се постават. Ама, што ти е Норвежанец, во една таква мисија тргнал со камера. Ние ќе им тропневме со безбол-палка и пар електроди.

Уште еден медиум ги укина коментарите на сајт

Угледниот американски NPR се придружи на долгата листа сајтови кои ја укинаа можноста на читателите да коментираат под нивните статии. Откако пробуричкале во импозантните бројки, го сфатиле ноторниот факт дека целата бучава ја прават мала група луѓе; па ете им го ним Фејсбук да си вадат очи  (нагалено: дебатираат).