Чемер и јад на „најсилните“

Во осамениот свет на троловите

Норвежанец ја добил истата желба што понекогаш и нам ни доаѓа, да ги најдеме и лично да ги запознаеме оние ликови што трујат по коментари со својата злоба, незнаење и неуморна глупост. Што луѓе се тие, мечка ли ги растела, од која пештера се симнале на Фејсбук.... такви, елементарни прашања да им се постават. Ама, што ти е Норвежанец, во една таква мисија тргнал со камера. Ние ќе им тропневме со безбол-палка и пар електроди.

„Бев фасциниран колку многу омраза и незнаење луѓето истураат по коментари на веб-сајтови и социјални мрежи, па почнав да ги разгледувам нивните профили обидувајќи се да сфатам кои се тие луѓе. Навидум обични, со семејства, изгледаат како фини луѓе. Но од она што го пишуваат јавно е очигледно дека во нивниот живот постои некаков курцшлус“, вели норвешкиот филмаџија Кире Лиен, автор на документарниот филм по малку саркастично наречен „Интернет-воини“.

Со таа идеја и го започнал своето тригодишно истражување на темниот свет на интернет-троловите, кое го носело од норвешките фјордови, па до американските пустини. Составил листа од 200 упорни и жестоки интернет-хејтери (по разни основи), ги контактирал, половината од нив веднаш го одбиле. Но таа сорта ја има со лопати да ја ринеш.

Што научил од тригодишното дружење со такви?

„Постојат многу, многу осамени лица. Тие имаат чувство дека општеството ги изневерило, а добар дел од нив и самите бил жртви на некое физичко или ментално насилство“, вели Лиен.

Да запознаеме дел од неговиот кастинг:

„Јас сум против каква било имиграција!“ Роберт Џексон, 50 години, работник во челичарница, Англија
„Да ти ебам исламот и немој некој да ми ја бранел таа ѓаволска религија“
Негов фејсбук-пост за исламот и тероризмот

 

‘Јас хејтам познати што се курви“: Ешли Џонс, 21, студентка, Велс
„Таа дроља стварно ме попизде. ЕБИ СЕ, ИСТРОШЕНА КУРВО И ВРАТИ СЕ ОД КАЈ ШТО СИ ДОШЛА!“
Твит до Лејди Гага

 

„Израел стои зад нападите од 11 септември“, Скот Мунсон, 40, активист, Калифорнија.
„Мислите владата не може да го инсценира ова за да ги заплаши луѓето околу контролата на оружјето?“
Негов коментар за пукањата во Сан Бернардино.

 

„Сакам да сум слободен да носам оружје!, Ник Хејнс, 42, камионџија, Пенсилванија.
„Гласањето за Хилари е како да си ги убиеш своите деца. Спремете се за граѓанска војна! Поддржувачите на Хилари први се за ликвидација.“
Коментар пред изборите.

 

„Хомосексуалците ќе ја уништат Русија“: Александра Величкевич, 51, студира, Русија
„Засрами се Европо! Побогу, педери сегде околу нас!
Коментар на сторија за хомосексуален американски амбасадор.

 

„Сакам да го вратиме колонијализмот“, Кејл Фроде Тислевол, 42, продавач, Норвешка
„Денешното однесување на муслиманите покажува дека е грешка што се укина колонијализмот, кој ги држеше под контрола. Ние од западот сме поцивилизиран дел од човештвото и затоа треба да бидеме воспитачи на муслиманските држави“
Коментар по веста за загинување на 14 лица во самоубиствен напад во Кабул.

***

Наравоучение: Малку се две електроди.

***

филмот:

*****

Оваа статија подоцна и конкретно ни се најде за справување со тролови. Ѝ го пуштивме на една дифолтна тупаџика (злобна колку што е тешка) кога за едно комерцијално интервју со Индира Кастратовиќ (ПР за Септолете), таа на Твитер брлавеше дека уствари правиме некаква имиџ кампања за „Тврдокорните“.
 

Подоцна некој се пожали дека не е убаво што со ваква фотографија ја ругаме нивната пријателка. Прашавме по што ја поистоветија неа со сликава, по тоа што е плава или по тоа што е глупа? Не одговорија.