Таг: хејтери

Во осамениот свет на троловите

Норвежанец ја добил истата желба што понекогаш и нам ни доаѓа, да ги најдеме и лично да ги запознаеме оние ликови што трујат по коментари со својата злоба, незнаење и неуморна глупост. Што луѓе се тие, мечка ли ги растела, од која пештера се симнале на Фејсбук.... такви, елементарни прашања да им се постават. Ама, што ти е Норвежанец, во една таква мисија тргнал со камера. Ние ќе им тропневме со безбол-палка и пар електроди.

Хејтањето како уметност

Кога денес го гледаме Дисмаленд на Банкси, или политички ангажираните изложби на Аи Веивеи, сведоци сме на обиди за критика на воспоставените сили на моќ, низ уметност која исмева, но и предупредува. Вакви примери низ историјата има многу, но интересно е кога на нив ќе се наиде среде уметнички правци кои многумина ги сметаат за обична „стилска вежба". Таков е дадаизмот, кој всушност тежи од политички активизам, кој бил и причина за неговиот внатрешен распад.

Како можете да се справите со хејтерите

Самоизмамата е дел од човечката природа исто како што се тоа прстите на нозете и на рацете. Ова го тврди психологот Дејвид МекРени во неговата нова книга, „Сега сте помалку глупи", тематски доследно продолжение на неговиот бестселер „Не сте толку паметни".

Хејтерите на Битлси

50 години по нивното прво појавување на Би Би Си, за Битлси едногласно се мисли како за поп генијалци чија музика лесно ја освои публиката. Не баш. Повеќето слушатели на времето мислеле дека се шкарт.