Што рече Химлер за Тито, а што Тито за Бугарите

Софија најави вето (од мојов да правиш длето) со ванземаљски глупа изјава на Захариева:  „Скопје не може да сака во ЕУ, а да го слави Тито“. Уот? Ене ги Хрватска и Словенија, се тркалаат од смеење. Ама, без нервози, Захариева е само лакеј на една држава која никогаш не знаела да погоди права страна (види: Знаете ли дека Бугарија ѝ има објавено војна на Америка?). Кога ние бевме партизани, тие беа германци, кога ние бевме тито, тие беа сталин,  а кога ние ги имавме Азра, Идоли и Пекиншка патка, тие имаа, што, чубрица? Ја сфаќате ли вие таа фрустрација?

Водачот на СС дивизиите Хајнрих Химлер за Јосип Броз Тито:

Морам да кажам дека тој стар комунист, тој Хер Тито, е многу цврст човек.
За жал, тој е наш противник. Тој навистина ја заслужи титулата Маршал.
Кога ќе го фатиме, ќе го стреламе. Тој е наш непријател.
Ама јас би сакал да имам десетина такви во Германија. Луѓе кои би биле водачи и кои би имале таква решителност и толку силни нерви никогаш да не се предаваат, и кога се целосно опколени.
А тој човек не располага со ништо, со апсолутно ништо. Тој е човек на Москва, секогаш беше опколен но тој човек секогаш наоѓаше начин да се пробие.
Никогаш не капитулираше!

***************

За разлика од проблемите со Тито, истиот Химлер имал сосема поинакви ангажмани околу Бугарија. Како што пишува Њујорк Тајмс од 14 мај 1943, тој по итно барање од крал Борис набрзина отишол во Софија, за да ги мотивира Бугарите ( денес познато како тим билдинг) со цел нивната сојузничка да биде подготвена за евентуален удар на Сојузниците на Балканот.

************

А дека денешна Бугарија знае да одржува континуитет и со повоена Бугарија, сведочи самиот Тито кој за проблемите со Сталин вели дека Бугарите најмногу работеле против него.

Како што гледаме, и тогаш и сега.

***************

Ај малку да ги орасположиме нашите браќа и сестри со еден нивен омилен идентитетски хит.

1990 година, Лепа Брена на стадионот Васил Левски. На една минута и 33 секунди слушнете како 44.000 Бугари (колку што, според Гугл, собира Левски), на еден глас пејат:
„ЈА САМ ЈУГОСЛООООВЕЕЕЕНКААААААА....“

Не бре, нема посмешни.

 

 

15 ноември 2020 - 19:10